Јекабпилс

From Wikipedia, the free encyclopedia

Јекабпилсmap
Remove ads

Јекабпилс (латвиски: Jēkabpils; германски: Jakobstadt; полски: Jakubów) — град на реката and spanning Даугава (Западна Двина) во југоисточна Латвија, на половина пат меѓу Рига и Даугавпилс. Историски, Јекабпилс бил сместен на левиот брег на реката, во областа Селонија, додека Крустпилс (Кројцбург) бил на левиот, во областа Латгалија. Во 1962 г. градовите се обединиле под името Јекабпилс, но подрачјата го имаат задржано својот регионален карактер. Градот е административен центар на истоимената општина.

Кратки факти Јекабпилс Jēkabpils, Земја ...
Thumb
Поглед на Јекабпилс и Кројцбург во 1792 г.

Кај градот се наоѓа воздушната база „Јекабпилс“ во служба на латвиското воено воздухопловство.

Remove ads

Историја

Во 1237 г. Епископот Ришки го изградил замокот Кројцбург (денес Крустпилс) веднаш до веќе постоечка населба. Археолошките ископувања на блиската тумба Асоте укажуваат на тоа дека ова место било трговски значајно за латвинското племе Латгалци, кои живееле тука уште во 1000 г. п.н.е. Со изградбата на замокот, населбата се проширила во поголемо село, кое го добило името Крустпилс. Селото било разрушувано до темел во честите воени судири како што се битките меѓу Полска и Шведска, но секогаш било градено одново.

Во XVII век крај Даугава се доселиле староверници прогонети од Русија. Оваа населба почнала да се зголемува, за во 1670 г. да биде прогласена за град од војводата на Куронија, Јакоб Кетлер и го добила името Јекабпилс (гер. Јакобшат) во негова чест.

Remove ads

Предание

Според преданието за потеклото на градот, еден ден војводата бил во лов и се изгубил. Крај реката Даугава си ја нашол среќаата, истовремено здогледувајќи рис под елка и населено место. Согласно преданието, на грбот на Јекабпилс е прикажан рис застанат под елка.

Географија

Јекабпилс има население од 29.100 жители. Двата историски дела на градот — стариот Јекабпилс и Крустпилс — се поврзани со мост преку реката Даугава.

Демографија

На 1 јануари 2013 г. населението на градот броело 25.883 жители.

Повеќе информации Етнички состав на населението во 2011 г. ...

Знаменитости

Thumb
Замокот Крустпилс

Јекабпилс

Најстариот дел од градот и постарите градби се зачувани.

Општина Јекабпилс

Еден од потезите на Струвеовиот геодетски лак минувал низ Струвеовиот парк во денешната општина Јекабпилс. Недалеку од градот, во местото Таденава се наоѓа спомен-куќата на големиот латвиски поет Рајнис (1865-1929). Тука се и рушевините на замоците Јустине и Дигнаја. Во атарот на Клауце се наоѓа највисоката точка во Селонија — ридот Ормањкалнс. По патот меѓу Нерета и Акнисте е сместен и музејот „Риекстињи“ во чест на познатиот писател Јанис Јаунсудрабињш (1877-1962).

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads