1237

година From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

1237 (MCCXXXVII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1237 година од новата ера, 237. од вториот милениум, 37. од XIII век и осма од 1230-тите.

< XII век XIII век XIV век >
01020304050607080910
11121314151617181920
21222324252627282930
31323334353637383940
41424344454647484950
51525354555657585960
61626364656667686970
71727374757677787980
81828384858687888990
91929394959697989900
Кратки факти
Remove ads

Други календари

Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6745 и 6746 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5987 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4997 и 4998 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1990.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1237 година се протега во 3873 и 3874, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3933 и 3934 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1780. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 634 и 635 исламска година.

Remove ads

Настани

Thumb
Монголите пред ѕидините на градот Владимир
  • 21 декември - Монголска инвазија на Русија: Рјазањ е разрушен.
  • Томас II Савојски станува гроф Фландрија.
  • Основан е градот Елблонг во рамките на Држава на Тевтонскиот Ред (денес Полска).
  • Бату-кан со сила од околу 150.000 Монголци, Турци и Персијци ја продолжува инвазијата кон Русија и Европа.
  • Гвалдо Тадино, Италија, е зафатен од голем пожар.
  • Грофоијата Артоа е основана во Франција.
  • Болдвин II Цариградски станува цар на Латинското Царство.
  • Конрад IV станува Крал на Германија.
  • Ливонска крстоносна војна: По поразот во Битката кај Сауле, Ливонските браќа на мечот се апсорбираат во Тевтонскиот ред, како автономен Ливонски орден. .
  • Битка кај Кортенова: Фридрих II го поразува Ломбардскиот Сојуз.
  • Еден голем пожар уништува околу 30.000 станови во кинескиот главен град Хангџоу.
  • Градот Кириц добива градски права.
  • Градот Плоцк добива градски права.
  • Епископот Ришки го изградил замокот Кројцбург.
Remove ads

Родени

Починале

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads