Јосиф Јосифовски (глумец)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јосиф Јосифовски (Велес, 29 август 1927 – Битола, 21 мај 2001 )[1] ― македонски филмски и театарски глумец, член на Битолскиот народен театар од 1960 година.[2]
Бил препознатлив по неговата маркантна фигура, бујниот баритонски глас, живиот и ведар темперамент и страста која провејувала скоро низ сите негови остварувања.
Remove ads
Животопис
Јосиф Јосифовски бил роден во Велес на 29 август 1927 година. Од 1960 година станал член на колективот на Народниот театар – Битола каде бил еден од водечките глумци и носител на репертоарот.
Творештво
Во својот глумечки живот остварил бројни и забележителни театарски и филмски улоги.
Поважни театарски улоги[2]
Година | Улога | Претстава | Автор |
1966 | Клаудие | Хамлет | Вилијам Шекспир |
1967 | Франц | Разбојници | Фридрих Шилер |
1970 | Јаго | Отело | Вилијам Шекспир |
1972 | Сади | Дундо Марое | Марин Држиќ |
1972 | Аџи Трајко | Бегалка | Васил Иљоски |
1978 | Еротие | Сомнително лице | Бранислав Нушиќ |
1991 | Императорот | Подземна република | Јордан Плевнеш |
Remove ads
Филмографија
Година | Филм | Улога |
1968 | Планината на гневот | / |
1969 | Републиката во пламен | / |
1970 | Цената на градот | Кнајпер |
1971 | Македонскиот дел од пеколот | / |
1972 | Табакерата ТВ-филм | / |
1973 | Смилевскиот конгрес ТВ-филм | / |
1977 | Малиот одред ТВ-серија | / |
1979 | Курирот на Гоце Делчев ТВ-серија | / |
1979 | Жена од малтер ТВ-филм | / |
1980 | Двојка ТВ-филм | / |
1981 | Булки крај шините ТВ-серија | / |
1982 | Илинден ТВ-серија | / |
1983 | Записник ТВ-филм | / |
1984 | Јуначко колено ТВ-серија | / |
1985 | На наш начин ТВ-серија | / |
1985 | Трговецот од Солун ТВ-филм | Кадијата |
1985 | Пријатели ТВ-филм | / |
1986 | Климент Охридски ТВ-филм | Петар |
1987 | Трето доба ТВ-серија | / |
1987 | Ѕвездите на 42-та ТВ-филм | / |
1988 | Втора смена ТВ-серија | Дедото на Николче |
1988 | Марика лета со авион ТВ-филм | / |
1989 | Цвеќе на карпата ТВ-филм | Арсо Соколот |
1990 | Северна грешка ТВ-филм | Атев |
1990-1991 | Опстанок ТВ-серија | / |
1991 | Стрес или погрешна нота ТВ-филм | Богдан |
1992 | Време живот | Кум во возот |
1993 | Бог да ги убие шпионите ТВ-филм | / |
1993 | Македонска сага | / |
1994 | Пред дождот | Таткото Марко |
1994 | Проколнати ТВ-филм | Стариот |
1995 | Ангели на отпад | Ицко |
1995 | Заборавени ТВ-филм | Претседател на М З |
1997 | Преку езерото | Свештеникот Кирил |
1995-1997 | Во светот на бајките ТВ-серија | / |
1998 | Збогум на 20-тиот век | Стариот каубој |
1998 | На Балканот не се пие чај ТВ-филм | / |
1998 | Ливада краток игран филм | Селанецот |
2001 | Прашина | Свештеник |
2001 | Во светот на бајките ТВ-серија | / |
Награди и признанија[2]
- Повеќе признанија на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads