Јордан Плевнеш

From Wikipedia, the free encyclopedia

Јордан Плевнеш
Remove ads

Јордан Плевнешмакедонски драмски писател и дипломат.

Кратки факти Роден, Роднини ...

Животопис

Роден е на 29 октомври 1953 година како второ дете (постариот брат Љубе е роден 1949, а помладиот Владо 1959) во семејството на Симе Цветановски – Плевнеш, сирак, дрвар и борец кој учествувал на Македонскиот и Сремскиот фронт, и Трајанка Николова Кочовска, ткајачка, везачка и месачка во село Слоештица, Демирхисарско. По мајчина линија потомок е на Илија Кочовски, надалеку прочуен народен раскажувач кој не знаел да пишува но оставил десет усни томови во Институтот за фолклор во Скопје. Дипломирал и магистрирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел во Институтот за македонска книжевност, како уредник на „Мисла“, предавал творечко пишување на повеќе универзитети во Европа и Соединетите Држави, и бил амбасадор на Македонија во Франција.[1]

Добитник е на повеќе награди и признанија: награда на весникот „Студенски збор“, на 23 МЕС во Сараево награда за најдобар драмски текст, вонредна награда на Стерииното позорје и др.

Кон крајот на 2013 година, обновената зграда на Македонскиот народен театар, била отворена со премиера на неговата драма „Вечната куќа“, во режија на Дејан Пројковски.[2] Женет е со Лилјана, со која ги имаат синовите Константин и Илија.

Remove ads

Објавени книги

  • „Еригон“ (драма)
  • „Мацедонише цуштенде“ (драма)
  • „Југословенска антитеза“ (драма)
  • „Подземна Република“ (драма)
  • „Безбог“ (драма)
  • „Среќата е нова идеја во Европа“ (драма)
  • „Р“ (драма)
  • Вечната куќа“ (драма)

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads