Џуџеста спирална галаксија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Џуџеста спирална галаксија — џуџеста верзија на спирална галаксија. Џуџестите галаксии се карактеризирани со тоа што поседуваат мали сјајности, мали пречници (помали од 5 кпс), ниска површинска сјајност, и ниско ниво на водородни маси.[1] Овие галаксии може да се сметаат како подкласа на површинко слабосјајните галаксии.

Џуџестите спирални галаксии, особено нивните џуџести сродници видовите Sa-Sc спирални галаксии, се мошне ретки. За споредба, џуџестите елиптични галаксии, џуџестите неправилни галаксии, и џуџестите верзии на Магелановите спирални галаксии (кои може да се сметаат за преодни галаксии меѓу спиралните и неправилните во однос на морфологијата) се доста чести.[1]
Се претпоставува[2] дека џуџестите спирални галаксии може да се преобразат во џуџести елиптични галаксии, особено во густите јата.
Remove ads
Примери
Местоположба
Повеќето забележани џуџести спирални галаксии се сместени надвор од јатата. Силните гравитациски заемодејства меѓу галаксиите и заемодејствата меѓу галаксиите и меѓујатниот гас се очекува дека ќе ги уништат дисковите на повеќето џуџести спирални галаксии.[1][3] Сепак, џуџестите галаксии со спирална структура се забележани во јатото Девица и во јатото Коса.[3][4][5][6]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads