Ана Стојаноска

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ана Стојаноска
Remove ads

Ана Стојаноска (22 ноември 1977 , Прилеп) - македонска писателка, есеистка и професорка.

Кратки факти Ана Стојаноска, Роден(а) ...

Образование

Дипломирала во 2001 година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, на Катедрата за општа и компаративна книжевност, магистрирала во 2003 г., и докторирала во 2007 година театрологија на Факултетот за драмски уметности – Скопје.

Од март 2002 г. работела како хонорарен соработник - истражувач во Институтот за театрологија, при Факултетот за драмски уметности – Скопје. Подоцна била координатор – истражувач на истиот институт. Во септември 2003 година била на студиски престој/специјалистичка активност во Музејот на театарската уметност на Србија во Белград, област: театарска музеологија.

Remove ads

Професионална кариера

За помлад асистент по предметот македонска драма и театар на Факултетот за драмски уметности – Скопје била избрана во април 2004 г. Од април 2010 година била избрана за доцент по истиот предмет, а во 2011 година и за предметот компаративна книжевност. Од учебната 2012/2013 година го предавала и предметот историја на светска драма и театар.

Член е на Здружението за компаративна книжевност на Македонија и член на Програмскиот одбор на Македонскиот ИТИ – УНЕСКО[1].

Remove ads

Творештво

Ана Стојаноска објавувала поезија, проза и есеистичко-научни трудови од областа на театарот, родовите студии и книжевно-критичката теорија во македонската и странската книжевна периодика. Активно соработува во редица настани од театарската музеологија во земјата и надвор.

Во текот на 2004 година објавувала рецензии за театарски претстави во дневниот весник „Дневник“.

Еден од авторите е на Поимникот на книжевна теорија, објавен во 2007 година од МАНУ. Приредувач на делoвите Факти и еден од соавторите на монографиите на Илија Милчин во 2003 година и на Петре Прличко во 2004 година.

Автор на монодрамата „Стаклен лампион“,[2] и на книгата Македонски постмодерен театар,[3] издадена од ФДУ во 2006 г.

Иницијатор, координатор и еден од главните уредници на списанието „Ars Academica“, што заеднички го објавуваат Факултетот за драмски уметности и Факултетот за музичка уметност во Скопје.[4]

Награди

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads