Атанас Романов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Атанас Романов (Софија, 22 декември 1911 - Софија, 23 јули 1942 ) — учесник во илегалниот отпор против фашистичкиот режим во Бугарија.[1] Близок пријател со македонските поети Антон Попов и Никола Вапцаров, со кои заедно се стрелани од страна на бугарските фашистички власти.[2]
Remove ads
Животопис
Родителите на Атанас, биле Македонци. Неговиот татко Димитар најпрво бил учител, потоа ситен службеник, а подоцна работник. Често ја губел работата поради своите прогресивни идеи, а семејството го менувало местото на живеење, одејќи повторно таму каде што тој нашол егзистенција. Ја помагал активноста и на неговиот син, бидејќи имал симпатии кон прогресивното движење. Неговата мајка Милка (Ковачева) Романова, била по потекло од Кукуш, израсната во револуционерно семејство. Атанас бил нивно трето дете и имал две постари сестри.[1]
Remove ads
Смрт

Во судскиот процес против ЦК БРП на 22 јули е осуден на смрт и на 23 јули, заедно со Македонците Никола Вапцаров, Антон Попов и тројца други бугарски комунисти, е стрелан на софиското гарнизонско стрелиште.[1]

Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
