Балашаѓармат

град во Унгарија From Wikipedia, the free encyclopedia

Балашаѓарматmap
Remove ads

Балашаѓармат (унгарски: Balassagyarmat, словачки: Balašske Ďarmoty, германски: Jahrmarkt) е град во северна Унгарија. Градот бил седиште на комитетот од округот Ноград.

Кратки факти Балашаѓармат Jahrmarkt (германски) Balašske Ďarmoty (словачки), Првпат споменат ...
Remove ads

Историја

Од 1998 година, градскиот грб го носи латинскиот натпис „Најхрабар град“ (Civitas Fortissima), бидејќи во јануари 1919 година чехословачките војници ја преминале линијата за демаркација, обележана во декември 1918 година, во подготовка за Договорот од Трианон, незаконски окупираќји ги градови јужно од линијата, вклучувајќи го и Балашаѓармат. Месното население им се спротивставило на чехословачките трупи во сериозна воена битка во која многу од цивилните учесници ги загубиле своите животи.[2]

Херојството на луѓето во градот против нелегалната и неиспровоцирана инвазија е овековечена во карпатската песна „Civitas Fortissima“[3]

За време на Втората светска војна, на 9 мај 1944 година, Германците чувале 3.000 Евреи од градот и околните села затворени во гето. Сите биле испратени во концентрациониот логор Аушвиц на 11 и 14 јуни 1944 година.[4]

Балашаѓармат бил заробен на 9 декември 1944 година од страна на советските трупи на вториот украински фронт во текот на офанзивата на Будимпешта.

Remove ads

Географија

Градот лежи на левиот брег на реката Иполи, кој ја означува државната граница со Словачка.

Демографија

Во 2001 година Балашаѓармат имал 18.474 жители. Популацијата била хомогена со унгарско мнозинство (Унгарци 98%, Роми 2%),[5] и 100% од вкупното население го зборува унгарскиот како мајчин јазик.

Меѓународни односи

Близначки градови - Сестрински градови

Балашаѓармат е збратимен со:

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads