Биопоказател
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Биопоказатели или биоиндикатори — организми, како што се лишаите, птиците, инсектите и бактериите,[1] кои се користат за прикажување на состојбата на животната средина. Овие организми служат за следење на промените кои можат да влијаат на проблемите во екосистемот, кои можат да бидат хемиски, психолошки или промена во однесувањето. Биопоказателите се битни за еколошкото здравје.[2] Секој организам во екосистемот има потенцијал да влијае на здравјето на животната средина. Затоа биопоказателите се користат за: откривање на промени во животната средина, прикажување на присуство на загадувачи и нивните ефекти врз екосистемот. Особените физиолошки промени во биобелезите се користат за да се прикажат промените во здравјето на животната средина. Овие промени се посебни за секој поединец. Неколку биотехнологии, засновани на микроорганизми, се користат за проверка на состојбата на животната средина. Овие методи првенствено се засноваат на однесувањето за откривање на можни промени.[3]

Remove ads
Биопоказатели како бројчени вредности
Биопоказателите се бројчени вредности изведени од стварните мерења на просторот или амбиентот, на одредени услови во одреден географски домен, чии трендови со текот на времето ги претставуваат или свртуваат внимание на основните трендови за состојбата на животната средина. Клучните мерила за биопоказателите се:
- Показателот е корисен.
- Показателот е целта.
- Показателот е транспарентен и може да се репродуцира.
- Основните податоци се одликуваат со методологија на собирање, системи за управување со податоци кои се интегрално заштитени, како и постапка за обезбедување квалитет.
- Податоците овозможуваат опис на промените или се показатели за нивното движење, кои се споредливи временски и просторно, меѓу претставниците на целната популација.
Remove ads
Примена
Употребата на хемикалии во земјоделството, употребата на секакви видови хемиски ѓубрива и загадувањето на почвата, довело до тоа нашата животна средина и практично целата модерна храна што ја користат луѓето, да содржи околу десет пати помалку биолошки активни супстанции од количината потребна за здрав организам. Во целиот свет, денес е веќе признаено дека современата храна, за жал, не ги содржи сите микронутриенти неопходни за човекот.[4]
За проценка на еколошкиот квалитет на храната и водата неопходни се физички и хемиски методи, но тие не се доволни. Тие даваат преглед на тековната состојба на даден биотоп, кога станува збор за загадувањето. Затоа, неопходно е да се користат биолошки методи (биопоказатели). За контрола на животната средина биопоказателите се користат повеќе од четириесет години. Биопоказателите се видови својствени за одредена клима, област или живеалиште; видови што преовладуваат во биотопот, како и видови чие исчезнување или загрозување претставува ранопредупредувачки сигнал за деградација на одреден екосистем.
Во поново време, биопоказателите се примарни чинители во заштитата на природата, како и во областа на планирањето (засновано на анализа на учинокот, анализа на состојбата) и во истражувањето за примена на природната заштита. Во зависност од целта и задачите, улогата на показатели ја имаат многу животински и/или растителни видови. За проценка на квалитетот на водата се користат исто така сапробиотски системи откриени во водата. Макрозообентос или група на организми кои го поминуваат најголемиот дел или целиот животен циклус на дното на водните екосистеми. Одредени групи на макрозообентос (кои вклучуваат одредени видови габи, бактерии и протозои) претставуваат водни биопоказатели и се користат како показатели, бидејќи различните сапробиотици се својствени само за одреден степен на загадување.
Биопоказатели во природата
Биопоказателите во природата претставуваат интегрална и интердисциплинарна програма од избрани содржини од ентомологијата (наука за инсектите), зоологијата, ботаниката и екологијата.[5] Во природата постојат растителни и животински видови кои се показатели за „здравјето“ или степенот на зачувување на животната средина, поради нивната исклучителна чувствителност и на најмалите негативни промени во нивното живеалиште. Имено, негативните промени на живеалиштето на крајот може да резултираат со исчезнување на видовите од набљудуваната месност или област. Ваквите видови (показатели) во природата се нарекуваат биопоказателски видови.[6]
Пеперутките како биопоказатели

Пеперутките се најдобри претставници на најразновидната и бројчано најголемата класа (класа на инсекти). Бидејќи пеперутките лесно се забележуваат поради нивните разнобојни крилја и елегантен лет, повеќе луѓе ги гледаат секој ден. Ноќните пеперуги, иако се многу побројни, понекогаш не привлекуваат толку внимание бидејќи се помалку забележливи. Пеперутките ги проучуваат и стручањаци и научници кои во своето истражување се обидуваат да откријат и да укажат на одредени појави и состојби во природата. Затоа, дневните и ноќните пеперутки се најважните биопоказатели меѓу инсектите на копнените живеалишта и показатели за „здравјето“ или степенот на зачувување на животната средина поради нивната исклучителна чувствителност дури и на најмалите негативни промени во живеалиштето. Имено, негативните промени на живеалиштето на крајот може да предизвикаат исчезнување на видовите од набљудуваната месност или област. Научниците често користат пеперутки во истражувањата, а нивните резултати придонесуваат и за предлагање насочени мерки за нивна заштита, а преку заштита на видовите заштита на живеалиштата и цели екосистеми од кои во голема мера зависат пеперутките. Исто така, дневните и ноќните пеперутки се важни за вреднување на пасиштата (тревници) на суви или влажни почви, но во помала мера и одредени видови грмушки и шуми. Имено, ливадските екосистеми се примарните живеалишта каде живеат пеперутките, поради што во последно време сè повеќе преовладуваат проектите поврзани со ревитализација на тревните површини, а како основни објекти на истражување се користат дневните и ноќните пеперутки.
Лишаите и мовот како биопоказатели


Лишаите мора да добиваат хранливи материи од воздухот затоа што немаат коренов систем или кутикула како васкуларните растенија. Бидејќи тие постојано акумулираат материја од атмосферата, лишаите ја претставуваат просечната вредност на содржината на суво и влажно таложење од воздухот, за одредено време.[7]
Мовот е структурно поблиску до лишаите отколку до другите растенија. Лишаите и мовот се погодни за анализа на атмосферското таложење во текот на подолг временски период заради нивниот долг животен век.
По собирањето примероци од мов и лишаи од почвата, карпите и дрвјата, во одредени области гамаспектрометриски било утврдено дека примероците се загадени со радионуклиди. Односот на активност на 235U и 238U во некои примероци покажал присуство на осиромашен ураниум. Покрај примероците во зоната на загадување, во некои примероци собрани надвор од областа што била оградена и означена како загадена, односот на активност 235U/ 238U исто така покажал присуство на осиромашен ураниум. Загадувањето најверојатно било извршено преку воздухот, каде прашината со осиромашен ураниум била распрсната од ветрот.[8]
Резултатите јасно укажуваат на можноста за користење на лишаи и мов како биопоказатели за загадување со осиромашен ураниум. Како многу чувствителни показатели за загадување на воздухот со осиромашен ураниум, лишаите и мовот треба редовно да се анализираат како дел од контролата на животната средина во одредени области во светот.[9]
Понатамошните истражувања би требало да бидат насочени кон пронаоѓање на одредени видови лишаи и мов кои би се покажале како најдобри показатели за осиромашен ураниум.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads