Боне Трајковски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Боне Трајковски (Битола, 1936 - 1982) — македонски ракометен голман.

Кратки факти Лични податоци, Роден(а) ...

Кариера

Боне Трајковски својата кариера ја започнал во Пелистер. Клубот тогаш се натпреварувал во Републичката лига. Во 1960 година, била формирана Втората сојузна лига на Југославија во која преку квалификации во Зрењанин, Пелистер и Трајковски станале членови на лигата, што било првпат екипа од Битола да има претставник на сојузен ранг. За овој успех на битолскиот клуб, еден од најзаслужните бил голманот Боне Трајковски. Потоа, Втората сојузна лига била расформирна и Трајковски со Пелистер повторно играл во Републичката лига која повторно станал втор ранг на квалитет, заедно со РК Работник. Во 1967 година, двете екипи кадарно се здружиле под заедничко име РК Пелагонија, кој четири години по ред бил првак на Републичката лига. Во 1971 година, Трајковски со екипата постигнал голем успех и го освоил првото место во лигата и за првпат Битола добила свој претставник во Првата сојузна лига. Еден од поистакнатите играчи заслужни за таквиот успех бил самиот Боне Трајковски.[1]

Remove ads

Успеси

Титули

СФРЈ Пелистер

  • Македонска републичка ракометна лига (4) : 1967/68, 1968/69, 1969/70, 1970/71

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads