Валавец

вид растение From Wikipedia, the free encyclopedia

Валавец
Remove ads

Валавец, поточно полски валавец или ветрогон; (науч. Eryngium campestre) — вид од родот на валавците (Eryngium) кој се користи како лековито растение.[1] Растението трнливо повеќегодишна билка без влакна и припаѓа на семејството на штитоцветните растенија (Apiaceae). Листовите се крути и жилави, со белозеленикава боја. Листовите при основата се раздвоени, со долги дршки и имаат боцки. Во растението ровари галската мува Euleia heraclei.

Кратки факти Валавец, Научна класификација [ у ] ...
Thumb
Цветови
Remove ads

Цветна сезона

Растението цвета од јули до септември.

Рапространетост

Покрај Република Македонија, валавецот е распространет главно во средна и јужна Европа и на север до Германија и Холандија. Ретко се среќава на Британските Острови.

Упореба

Во треварството се користи за лекување на голема кашлица и инфекции во мочните патишта. Во минатото корењата се кандирале како слатки или се вареле и печеле како зеленчук. Активни состојки во растението се: етерични масла, сапонини и танини.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads