Ванчо Хаџи Панзов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ванчо Хаџи Панзов
Remove ads

Ванчо Димков Хаџи Панзов ( 1925 во Велес14 ноември 1944 во Глумово, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Потекнувал од сиромашно работничко семејство. Основно училиште завршил во родниот град, а потоа изучил занает. Работел како столар во Скопје. Како симпатизер на НОВ, активно помагал и собирал материјална помош за партизаните. На 9 септември 1944 година стапил во Дванаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во борбите против непријателот ѝ се истакнал како храбар борец. Отпрвин бил поставен за командир на вод, а потоа за заменик политички комесар на чета. Учествувал во борбите за ослободување на главниот град на Македонија, а потоа ја продолжил борбата против непријателот, кој имал планови повторно да го нападне на Скопје. На 14 ноември 1944 година, храбро загинал во борбата против концентрирањето на балистички сили во близина на Глумово. Посмртните останки му биле закопани на заедничките партизански гробишта, кај селото Глумово.[1]

Remove ads

Поврзано

  • Петар Хаџи Панзов

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads