Вања Милинковиќ Савиќ

From Wikipedia, the free encyclopedia

Вања Милинковиќ Савиќ
Remove ads

Вања Милинковиќ Савиќ (Оуренсе, 20 февруари 1997) е српски фудбалер кој настапува на позицијата голман. Моментално настапува за екипата на Наполи. Неговиот постар брат Сергеј исто така е фудбалер.

Кратки факти Вања Милинковиќ Савиќ, Лични податоци ...
Remove ads

Клупска кариера

Почетоци на кариера

Вања Милинковиќ Савиќ е роден во шпанскиот град Оуренсе, каде што неговиот татко во тоа време играл фудбал.[2][3] Татко му подоцна се преселил во австрискиот тим на ГАК од Грац, каде Вања почнал да тренира фудбал.[2] Откако семејството се вратило во Нови Сад во 2006 година, Вања настапувал за помладите категории на екипата на Војводина.[2] Својот прв професионален договор со составот на Војводина го потпишал на 2 април 2014 година.[4] На 17 мај истата година потпишал договор со екипата на Манчестер Јунајтед и како дел од договорот требало да остане на позајмица во екипата на Војводина уште една година.[5] Вања во сезоната 2014/15 бранел на 17 натпревари за екипата на Војводина во српската Суперлига, а одиграл и два натпревари во Купот на Србија.[6] По завршувањето на сезоната во Војводина, тој преминал во тимот на Манчестер Јунајтед, но сепак не успеал да добие работна дозвола, па договорот морало да биде раскинат.[7]

Лехија

Во ноември 2015 година Вања потпишал договор со полската екипа Лехија.[8] Тој за овој клуб во текот на вториот дел од сезоната 2015/16 и првиот дел од сезоната 2016/17 одиграл вкупно 29 првенствени натпревари.[6]

Торино и третманот како позајмен играч

Во јануари 2017 година, тој потпишал петгодишен договор со екипата на Торино од Италија. Договорот стапил на сила на 1 јули 2017 година.[9] Тој за составот на Торино во сезоната 2017/18 одиграл само четири натпревари (1 во првенството и три во купот).[6] Во јуни 2018 година, клубот на Торино го испратил како позајмен играч во екипата на СПАЛ.[10] Во текот на првиот дел од сезоната 2018/19 бранел само на два натпревари во Серија А, а одиграл и еден натпревар во Купот.[6] Тој го напуштил тимот на СПАЛ во декември 2018 година,[11] а на крајот на јануари 2019 година заминал на нова дестинација исто како позајмен играч, овој пат во второлигашот Асколи.[12] Вања за новиот клуб во текот на пролетниот дел од сезоната 2018/19 одиграл осум натпревари во Серија Б.[6] Во јуни 2019 година заминал на едногодишна позајмица во екипата на Стандард.[13]

Remove ads

Репрезентација

Милинковиќ-Савиќ станал светски шампион со репрезентацијата на Србија до 20 години во 2015 година на Светското првенство во Нов Зеланд. Во тоа време тој бил замена за соиграчот Предраг Рајковиќ.

Во мај 2017 година, селекторот на српската репрезентација до 21 година, Ненад Лалатовиќ го вклучил Милинковиќ Савиќ на конечниот список на играчи за ЕП 2017 во Полска.[14] Србија го завршила натпреварувањето во групната фаза откако претрпеле два порази и еден нерешен резултат во трите натпревари. Милинковиќ Савиќ бранел по 90 во првите два натпревари на првенството, против репрезентациите на Португалија и Македонија,[15][16] додека третиот натпревар против Шпанија го гледал од клупата за резервни играчи.[17]

За сениорската репрезентација на Србија прв пат настапил на 11 ноември 2021 година, на пријателски натпревар против репрезентацијата на Катар.[18]

Remove ads

Трофеи

  • Србија
    • Освоен е Светското првенство за играчи до 20 години во 2015 година.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads