Ведат Далокај

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Ведат Далокај (роден на 10 ноември 1927 - починал на 21 март 1991 ) бил познат турски архитект и поранешен градоначалник на Анкара.

Кратки факти Ведат ДалокајVedat Ali Dalokay, Роден(а) ...

Рани години

Далокај е роден во Елазиг, Турција во 1927 година. Тој завршил основно и средно образование во истиот град. По ова заминал за Истанбул, а дипломирал на Техничкиот универзитет во Истанбул во 1949 година. Во 1952 година завршил пост-дипломски студии на Институтот за урбанизам на универзитетот во Париз, Франција.

Кариера

Тој има добиени неколку награди за своите проекти во Турција. Едно од најпознатите дела на Далокај е џамија Шахџахан која се наоѓа во Исламабад, Пакистан и е една од најголемите во светот[1].

Во времето кога започнал конкурсот за изградба на џамија Коџатапе во Анкара, тој се пријавил на истиот и победил. Но, како резултат на контроверзни критики, неговиот проект бил повлечен.

Смрт

Ведат Далокај починал во сообраќајна несреќа, заедно со неговата сопруга и неговиот син.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads