Виолета Танчева-Златева

From Wikipedia, the free encyclopedia

Виолета Танчева-Златева
Remove ads

Виолета Танчева-Златева (Бориево, 25 април 1968 ) — македонска поетеса, раскажувачка, лекторка.

Кратки факти Виолета Танчева-Златева, Роден/а ...
Remove ads

Животопис

Виолета Танчева-Златева е родена на 25 април 1968 година, во с. Бориево, Струмица. Основното образование го завршила во родното место и во соседното с. Турново, а средното образование во гимназијата „Јане Сандански“ во Струмица. Во 1991 година дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје, на групата Југословенска книжевност со македонски јазик.[1] Од 1994 до 2013 година работела во ТНИД „Ѓурѓа“, Скопје, во почетокот како уредник на списанијата „Допри ме нежно“ и „World Press ИЗБОР“, подоцна како главен и одговорен уредник на издавачката дејност, одговорен уредник и лектор. Од октомври 2013 година работи како лекторка во Издавачки центар ТРИ во Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2000 година, како и на Здружението на лекторите на РМ. Била член на Редакцијата на списанието за книжевност и култура АКТ и на списанието „Стожер“, гласило на Друштвото на писатели на Македонија. Член е на Управниот одбор на Друштвото на писателите на Македонија.

Remove ads

Библиографија

  • Книга за сонот, Прва награда за проза на анонимниот конкурс на Независни изданија „Ѓурѓа“,Охрид, 1992;
  • Враќања, роман, „Македонска книга“,Скопје, 1993;
  • Враќајќи се во Бориево, раскази, НИП „Ѓурѓа“, Скопје, 1999;
  • Мојот Пикасо/My Picasso, поезија со напореден англиски препев на Наташа Папазовска Левкова, ТНИД „Ѓурѓа“, Скопје, 2007;
  • Мој Пикасо/Мојот Пикасо, двојазично издание, препев на босански Сеида Бегановиќ, Задужбина „Петар Кочиќ“, Бања Лука–Београд, 2008;
  • Шарени писма, роман за деца во писма, ТНИД „Ѓурѓа“, Скопје, 2008[2];
  • Заробеници на молкот, поезија, ТНИД „Ѓурѓа“, Скопје, 2010[3];
  • Огнена, поезија, ТНИД „Ѓурѓа“, Скопје, 2011[4];
  • Нашата приказна, поезија, „Улис“, Скопје, 2013;
  • Година без лето, поезија, Издавачки центар ТРИ, Скопје, 2015;
  • A Summerless Year, Struga Poetry Evenings, Струга, 2016; превод од македонски од страна на Бела Глигорова;
  • Патот, поезија, „Паблишер“, Скопје, 2018;
  • На работ на светот, поезија, Издавачки центар ТРИ, Скопје, 2021[5];
  • Капе времето, поезија, Паблишер, Скопје, 2021[6];
  • Раскази од минатиот век, збирка раскази, Издавачки центар ТРИ, Скопје, 2022[7];
  • Глуво време, поезија, Издавачки центар ТРИ, Скопје, 2023[8];
  • Бела Сама, роман, Издавачки центар ТРИ, Скопје, 2023.
  • Антологија на копнежот (како приредувачка), Издавачки центар ТРИ, Скопје, 2024.
  • На ти со Ерос и Танатос, поезија, Издавачки центар ТРИ, Скопје, 2025.
Remove ads

Награди

Добитник е на четири награди (две втори и две трети) на анонимниот конкурс за краток расказ на „Андриќеви денови на културата“ во Травник во 80-тите години; прва награда за проза на анонимниот конкурс на Независни изданија „Ѓурѓа“ за „Книга за сонот“, 1992; наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга објавена меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата, во 2015 година, за стихозбирката „Година без лето“. За книгата „Патот“ ја доби наградата „Ацо Шопов“ на Друштвото на писателите на Македонија за најдобра поетска книга објавена во 2018 година. Во 2022 година за поетскиот ракопис „Глуво време“ ја доби наградата „Антев златник“ на Meѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски - Антево перо“. Во 2024 година ја доби наградата за поезија „Книжевен круг“ од Битолски книжевен круг. Застапена е во повеќе прозни и поетски списанија, антологии и избори, во Македонија, Србија, Словенија, Полска, Бугарија и САД.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads