Владовско Езеро
вештачко езеро во Воденско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Владовско Езеро (грчки: Τεχνητή Λίμνη Άγρα, Агра) — вештачко езеро на реката Вода, 6 километри западно од градот Воден, Егејска Македонија. Претставува еколошки важно блатно подрачје, во кое се застапени преку 250 видови птици.[1]
Езерото по облик е долгнавесто и извиено во правец исток-запад и зафаќа површина од 5,97 км2. Недалеку на југозапад се наоѓа природното Островско Езеро, од кое зависело како спореден дотек сè до 1990 г.[2] Најблиски населени места во крајезерското подрачје се Владово (Аграс) во источниот, Гугово (Врита) во југозападниот и Нисија (Ниси) во северниот дел.
Remove ads
Изградба
Езерото е изградено во 1955 г.[3] и наречено по селото Владово крај патот од Лерин за Воден, во чија близина е браната. Со потопувањето на земјиштето се изгубени најплодните 505 хектари земјиште, кое државата го откупувала од селаните по мошне ниски цени (4000 драхми за декар) и го исплаќала со години.[4]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads