Гондола

From Wikipedia, the free encyclopedia

Гондола
Remove ads

Гондола (италијански gondola) — чамец за пловидба на плитки води и е единствен во Венеција и нејзините бројни канали со што го симболизира угледот на романтичен град. Потеклото на зборот гондола никогаш не е точно утврден и покрај многуте интересни теории[1].

Thumb
Гондола во Венеција
Thumb
Гондола на докот Св.Марко на фотографија од XIX век од Карло Наја

Изглед

За изградба на гондола се употребуваат осум различни видови дрво (лимон, ариш, бука, бор, вишна, орев, брест и махагон) и истата се состои од 280 делови[2]. Нејзиниот асиметричен облик овозможува лесно управување со само едно весло со кое гондолиерот весла стоејќи на крмата. Левата страна од гондолата е направена подолга од десната за точно 24 cm со цел да се створи рамнотежа поради телесната тежина на гондолиерот.

Сите се долги точно 10.87 метри и 1.42 метар широки.

Постојат повеќе видови гондоли:

Remove ads

Историја

Во писмото на војводата Фалиере од 1094 година за првпат се спомнува гондолата која тогаш, како и денес, се употребувала за превоз на патниците низ градот. Во XVIII век низ каналите од градот пловеле можеби околу 14.000 гондоли што значи дека Венеција била еден од најпрометните водени патишта во светот. Денес од нив се останати околу 500 и претставуваат најчесто туристичка атракција.

Галерија на слики

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads