Горанчо Котески

From Wikipedia, the free encyclopedia

Горанчо Котески
Remove ads

Горанчо Котески (р. 18 август 1965) — македонски воен генерал, деветти началник на Генералштабот на АРМ (2011-2015).

Кратки факти Горанчо Котески, Роден во: ...

Животопис

Котески е роден во Прилеп на 18 август 1965 година. Средно воено училиште завршил во Сараево, а воена академија во Белград и во Сараево. Дипломирал на престижниот воен колеџ на НАТО во Рим, а бил и воен аташе во Германија. Котески ја извршуваше и функцијата аѓутант на претседателот Ѓорге Иванов, како и советник за воени прашања, а во март годинава беше назначен за командант на Здружената оперативна команда (ЗОК) на АРМ. Во армиските кругови позитивно се гледа на назначувањето на Котески, кој важи за пронатовски и прореформски настроен генерал.[1]

Генерал Горанчо Котески, со указ на Претседателот и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов е именуван за Началник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија за 16 август 2011.[2] Генерал-мајор Методија Величковски доаѓа на местото на досегашниот началник на генералштабот на АРМ, Котески, за 18 август 2015.[3]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads