Горица (Лескоец)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Горицаархеолошко наоѓалиште во охридското село Лескоец. Претставува населба од неолитот, бронзеното и доцноантичкото време и средновековна некропола. На околу 5 км североисточно од Охрид, од десната страна на патот за Ресен има мал рид со зарамнета површина од 500 на 150 метри на која се среќаваат фрагменти од керамички садови со различна временска припадност. Со вадењето камен варовник, од кој се пече вар, селаните откопале повеќе гробови во кои нашле накит од бронза. Во североисточниот крај на тумбата, биле откопани други гробови со конструкции од камени плочи, а во еден бил најден бронзен крст. Наодите се чуваат во Заводот и Музеј во Охрид.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads