Лескоец (Охридско)
село во Општина Охрид From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лескоец — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.
За други истоимени места, погледајте Лескоец.
Remove ads
Географија и местоположба

Ова село се наоѓа во Охридското Поле, североисточно од Охридското Езеро и на регионалниот пат Охрид-Ресен-Битола.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 820 метри.[2]
Селото е сместено северно од градот Охрид. Поради близина со градот ја загубило својата земјоделска функција. Промената на типот на селото може да се забележи и во изгледот на куќите. Стари куќи може да се забележат само во стариот напуштен дел на селото, кој се наоѓа во источно од денешното село.[3] Селото поседува водовод.
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Ливадица, Прлица, Кадриица, Василица, Белио, Вршек, Бело Орли, Црна Нива, Леше, Горица, Сува Чешма, Злинка, Гала и Корабица.[3]
Од градот Охрид е оддалечено два километри во северна насока.
Remove ads
Историја
Народното предание кажува дека селото влегува во најстарите села во Охридско. Најпрвин, било мало селце сместено на стрмно брдо, на месноста викана Белио. Таму се наоѓала и црква. Бидејќи тоа село било постојано мета на грабежи, селаните ги преместиле куќите подолу. Со тоа можеле да ја обработуваат земјата во чифлиците.[3]
Во XIX век, Лескоец било село во Охридската каза на Отоманското Царство.
До 1912 година, земјата во полето припаѓала на Турци од градот Охрид, а своја земја мештаните имале единствено на планинските падини.[3]
До крајот на Втората светска војна, Лескоец било мало село, сместено на блага падина, источно од денешната населба. Меѓутоа, по 1955 година, во Лескоец се доселил значителен број од планинските села Скребатно, Завој, Опеница и Сирула. Нивните куќи ги граделе западно од стариот дел на селото, односно во близина на патот Охрид-Ресен. Подоцна, таму се преместиле и мештаните од стариот дел на селото.[3]
Remove ads
Стопанство
Атарот зафаќа простор од 7,9 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 351 хектар, на пасиштата отпаѓаат 233 хектари, а на шумите само 13 хектари.[2]
Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]
До крајот на Втората светска војна, селаните се занимавале со сточарство и со земјоделство. Најмногу се одгледувале суви култури, бидејќи во полето немало вода за наводнување. Биле обработувани и падините источно од селото. По војната, работите се промениле и голем дел од мештаните се вработиле.[3]
Исто така, селото било познато по производството на вар. Подоцна, тој се продавал во градовите Охрид, Ресен и Битола.[3]
Население
Во книгата „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото имало 35 домаќинства и 108 жители.[4]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лескоец живееле 200 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Лескоец имало 240 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лесковец е претставен како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[8]
Лескоец е село со значителна имиграција на населението поради што тоа преминало од средно во големо село. Во 1961 година броело 659 жители, додека во 1994 година бројот на населението се зголемил на 2.668 жители, од кои 2.651 Македонец, осум Срби и девет жители останати.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Лескоец живееле 2.595 жители, од кои 2.561 Македонец, 8 Срби, 3 Власи и 23 останати.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.405 жители, од кои 2.257 Македонци, 2 Власи, 3 Срби, 19 останати и 124 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
Лескоец е македонско православно село, кое е едно од поголемите села во Охридско. Родовите во селото се староседелски и доселенички.[3]
Во селото се сретнуваат следниве родови:
- Староседелци: Марковци (8 к.), Ставревци (8 к.), Љушевци (9 к.), Бакревци (8 к.), Тодоровци (8 к.) и Пулевци (9 к.).
- Доселеници до крајот на турското владеење: Спасевци (17 к.) и Смичевци (14 к.), потекнуваат од ист предок, доселени се однекаде; Џуклевци (14 к.), доселени се од Дебарско; Лукановци (1 к.) и тие се доселени од Дебарско; Чифлигаровци (4 к.) и Џамбазовци (1 к.), доселени се од селото Лешани, Дебрца.
- Доселеници после Втората светска војна: Скребатниковци (80 к.), доселени се од селото Скребатно; Завојчани (60 к.), доселени се од селото Завој; Опеничанци (25 к.), доселени се од селото Опеница; Сирулци (15 к.), доселени се од селото Сирула; Песочанци (8 к.), доселени се од селото Песочани, Дебрца и Крушјанци (8 к.), доселени се од селото Крушје, Преспа.
Во селото имало и еден ромски род Ѓупци (6 к.), доселени од селото Ливоишта.
Remove ads
Општествени установи
- ОУ „Ванчо Николески“, деветгодишно централно училиште
- Пошта (6306)
- Амбуланта
- Дом на културата
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Охрид, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Охрид.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Охрид.
Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од тогашната општина Охрид.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Галичица, во која покрај селото Лескоец, се наоѓале и селата Велгошти, Велестово, Елшани, Љубаништа, Коњско, Пештани, Рамне, Скребатно, Трпејца и Шипокно. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Велгошти, во која влегувале селата Велгошти, Лескоец, Рамне и Скребатно.
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 1299, 1306 и 1307 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 2.431 гласач.[16]
Remove ads
Културни и природни знаменитости

- Археолошки наоѓалишта[17]
- Белио — населба од средниот век
- Горица — населба од неолитското, бронзеното и доцноантичкото време и средновековна некропола
- Лелешница — некропола од доцноантичкото време
- Св. Никола — црква и некропола од средниот век
- Св. Петкина Нива — некропола од римското време
- Св. Спас — црква и некропола од срецниот век
- Сред Село — населба од неолитот
- Цркви[18]
- Црква „Вознесение Христово“ — главна селска црква, изградена во 1462 година;[19]
- Црква „Св. Илија“ — нова црква, изградена 1996, а осветена во 2007 година;[20]
- Црква „Св. Тома“ — нова црква, изградена 1997, а осветена 2001 година;[21]
- Црква „Св. Никола“ — нова црква, изградена во 1995 година на темели од постара црква;[21] и
- Црква „Св. Наум Охридски“ — манастирска црква изградена во втората половина на XX век.[21]
- Манастири
- Лескоечки манастир — понов манастир над селото
- Параклиси
- Параклис „Св. Петка“
Remove ads
Редовни настани
- Слави
- Спасовден — главна селска и црковна слава, кога традиционално се одржува голем собир на граѓани
Личности
- Коле Љушески — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
- Ефтим Ристов Пацев — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
- Илија Смически — македонски партизан.
Култура и спорт
- ФК Лескоец Гумно
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads