Градиште (Брушани)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Градиште — утврдена населба од римското време во атарот на селото Брушани, Македонија. Се наоѓа на 1,5 километри североисточно од селото, на извонредна местоположба. По целата површина на наоѓалиштето се среќаваат фрагменти од керамички садови, тегули и имбрекси, а има и доста градежен материјал. Исто така, се гледаат и темели од одбранбен бедем кој има полукружни зајакнувања на аглите. Во горниот дел на просторот се гледаат и темелите на внатрешниот бедем. Што се однесува до големината на градиштето, тоа зафаќа простор од околу 2,5 хектара.[1]
Remove ads
Поврзано
- Овчаров Гроб — населба од доцноантичкото време;
- Старо Село — населба и некропола од доцноантичкото време;
- Тиквеш — населба (опидум) од доцноантичкото време;
- Брушани;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кавадаречко.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads