Брушани
село во Општина Кавадарци From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Брушани — село и викенд-населба во Општина Кавадарци, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.
Денес, претставува одморалишна населба со летниковци на брегот на Тиквешкото Езеро. Селото е потопено при изградбата на Тиквешкото Езеро во 1960-тите години, а населението е префрлено во Кавадарци. Денес, Брушани е викенд-населба и има две цркви. Куќите се расположени по крајбрежен појас и, во поголема мера, на подолг полуостров Грнчаровец и Брушанскиот Остров северно од него, кој е населен. Иако има голем број летниковци за одмор и разонода, според пописот од 2002 г. селото има само двајца постојани жители.
Remove ads
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во северниот дел од Општина Кавадарци, на северозападната страна на Тиквешкото Езеро, до коешто се протега и атарот на поранешното историско село.[2] Селото е сместено на околу 280 метри надморска височина.
Селото се наоѓа на пространа ниска тераса. Селото било христијанско и од чифлички тип. Не било поделено на маала.[3]
Во последниве десетина година, во атарот на раселеното село, е подигната викенд-населбата „Брушани“ крај Тиквешкото Езеро.
Remove ads
Историја
Селото најпрвин постоело на друго место наречено Старо Село, од каде жителите побегнале во текот на XVIII век и се населиле на новата положба. На претходната положба на селото може да се најдат остатоци од куќи, како и Староселската чешма.[3]
Во текот на отоманскиот период, селото било од чифлички тип. Во селото имало три беговски кули.[3]
Во XIX век, Брушани било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Со изградбата на Тиквешкото Езеро во 1964-1968 г., селото Брушани е потопено, а жителите се иселени претежно во Кавадарци, каде постои Брушанско Маало.
Remove ads
Стопанство

Селото нема развиена стопанска функција,[2] туку се занимавало повеќе со земјоделство.[3]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Брушани имало 190 Македонци христијани.[4][5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Брушани имало 152 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[7]
Селото е наполно раселено по 1981 година, кога броело 16 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Брушани имало 2 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
Како родови во Брушани се споменуваат:[3]
- Старинци: Шиковци (5 к.)
- Постари доселеници: Кичевци-Мрчковци (1 к.) доселени биле на почетокот од XIX век од Кичевско; Ѓировци (3 к.) доселени биле средината на XIX век од селото Возарци; Пановци (1 к.) доселени биле средината на XIX век од селото Рибарци, подалечно потекло од селото Возарци; Атанасовци (2 к.) доселени биле од селото Праведник; Мијаковци (1 к.) доселени биле од селото Бегниште. Уште подалечно потекло од мијачкиот крај; Маријовци (1 к.) доселени биле од селото Врпско во Мариово околу 1870; Курчевци (1 к.) доселени биле од селото Бегниште; Банџовци (1 к.) доселени биле од селото Ресава; Трипуновци (1 к.) доселени биле од селото Праведник; Куманичевци (1 к.) доселени биле од селото Куманичево; Митревци-Колевци (2 к.) доселени биле од селото Праведник; Јанчевци-Јакововци (1 к.) доселени биле во 1911 година од селото Шешково; Ризовци (1 к.) доселени биле во 1913 година од селото Праведник; Поп-Андоновци (1 к.) и Кречовци (1 к.) потекнуваат од селото Зборско во Меглен.
Remove ads
Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Кавадарци.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Возарци, во која влегувале селата Брушани, Возарци и Шивец.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дреново, во која покрај селото Брушани се наоѓале селата Возарци, Галиште, Грбовец, Дебреште, Добротино, Драдња, Дреново, Кесендре, Мрзен Ораовец, Праведник, Раец, Фариш, Шешково и Шивец.
Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Кавадарци.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.
Избирачко место
Селото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0700 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Брушани, Дабниште и Ресава, кое е сместено во објект на општината, поранешно основно училиште во село Ресава.[13]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 115 гласачи.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 111 гласачи.[15]
Remove ads
Личности
Личности родени во Брушани:
- Спаса Илиева — учесник во НОВ на Македонија
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[16]
- Градиште — утврдена населба од римското време;
- Овчаров Гроб — населба од доцноантичкото време;
- Старо Село — населба и некропола од доцноантичкото време; и
- Тиквеш — населба (опидум) од доцноантичкото време.
- Цркви[17]
- Црква „Св. Троица“ — главната селска црква;
- Црква „Св. Недела“ — црква започната да се гради во 2013 година за задоволување на верските потреби во туристичката населба;[18]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads