Грамаѓе (Барово)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Грамаѓе-Дабјехрам и некропола од римско време во атарот на селото Барово, Македонија. На околу 1 километар јужно од селото има грамада од градежен камен и многубројна архитектонска пластика. На теренот се среќаваат и делови од мермерни плочи со релјефни претстави на жртвеник, машки и женски бисти, орел и друго. Неколку фрагменти од мермерни статуи биле најдени многу порано.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Местоположба

Наоѓалиштето се наоѓа во долината на реката Бошава, 17 километри јужно од градот Неготино.

Особености

На темето од благо возвишение бил подигнат претставителен хероон во вид на храм, на висок подиум со вестибил, цела и хипогеј. Откриени се 15 камени архитектонски елементи од таванско-покривната конструкција, меѓу кои и 4 плочи со плитко вдлабени правоаголни полиња, на кои во релјеф се претставени ара, стилизиран делфин и портрети на жена и маж, веројатно покојницитена кои им бил посветен хероонот. Откриени се и 4 фрагменти од статуи од бел мермер. Храмот бил оддалечен 400 метри јужно од античката населба на локалитетот Ридот, над јужната периферија на селото Барово.[2]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads