Барово (Демиркаписко)

село во Општина Демир Капија, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Барово (Демиркаписко)map
Remove ads

Барово — село во Општина Демир Капија, во областа Бошавија, во близина на градот Демир Капија.

Кратки факти
Remove ads

Потекло на името

Името на селото првпат е документирано во турските документи од XV век. Името се поврзува со личното име Баро (Барбара, Бартоломеј, Бранислав).[2]

Географија и местоположба

Thumb
Поглед на селото

Ова село се наоѓа во областа Бошавија, во југозападниот дел на територијата на Општина Демир Капија, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Кавадарци.[3] Селото е сместено на рид над долината на левиот брег на реката Бошава, а на иста страна и од земјениот локален пат Демир Капија-Конопиште, кој поминува низ селото Бесвица. Селото е ридско, на надморска височина од 470 метри, а од градот Неготино е оддалечено 33 километри.[3]

Барово се наоѓа под висорамнината Витачево, сместено на тераса низ која поминува дол, а под селото поминува реката Бошава во средниот дел на Баровската Клисура. Во селото се наоѓаат неколку кладенци спроведени во чешми, додека пониско од селото е изворот Врело. Околу селото постојат повеќе извори.[4]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Страње, Чука, Гољак, Шумаст Рид и Голем Сурија.[4]

Селото има збиен тип и е поделено три маала: Горно, Сретсело и Чифлик.[4]

Барово се одликува со традиционална градителска архитектура.[5]

Remove ads

Историја

Барово е старо село за што сведочат повеќе старини околу селото. Се сретнуваат повеќе месности каде се наоѓаат остатоци од некогашни активности на постарото население. Месноста Барова Црква е спомената и помеѓу прилозите на цар Душан на манастирот Трескавец од 1335 година.[4]

Стопанство

Thumb
Куќи во селото

Атарот има средна големина и зафаќа простор од 14,4 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 653,5 хектари, на пасиштата отпаѓаат 539,5 хектари, а на шумите 162,4 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[3]

Селаните живееле од земјоделство и сточарство. Покрај муслиманското население, и голем дел од христијанското население работело на свои ниви, додека останатите работеле на чифлици. Во минатото, покрај реката Бошава се наоѓале оризишта и постоеле три големи воденици, додека во самото село постоел дуќан и две ковачници.[4]

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Барово имало 474 жители, од кои 220 Македонци христијани, 248 Македонци муслимани и 6 Роми.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Барово имало 304 жители.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[8]

Барово е мало село во фаза на наполно раселување. Во 1961 година селото броело 263 жители, а во 1994 година само 28 жители, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Барово имало 10 жители, од кои 9 Македонци и 1 Турчин.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, од кои 2 Македонци и 1 лице без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

Барово било мешано муслиманско-христијанско македонско село.[4]

Според истражувањата на Воислав Радовановиќ во 1924 година родови во селото се:

  • Македонски христијански:
    • Староседелци: Кралевци (2 к.), Пајдаковци (6 к.), Луковци (4 к.), Пилевци-Анѓелевци (5 к.), Тасевци (3 к.), Самоковци (2 к.), Кишовци (1 к.), Лазарковци (2 к.), Кривчевци (2 к.) и Деловци (2 к.).
    • Доселеници: Осовци (3 к.), доселени се од селото Војшанци, а таму се доселени од Неготино; Китевци (1 к.), доселени се од селото Дуброво; Јовчевци (1 к.), доселени се од селото Прждево; Ѓоговци (1 к.), доселени се од селото Горни Дисан, а уште подалечно потекло од Долни Дисан; Бачовци (2 к.), доселени се од селото Чемерско; Стојанчевци (1 к.), доселени се од селото Драчевица; Меловци (3 к.), доселени се од селото Горна Бошава, а таму се доселиле од селото Мрежичко; Деловци (1 к.), доселени се од селото Бојанчиште, а таму дошле од селото Вешје; Витановци-Бојковци (3 к.), доселени се од селото Бојанчиште, а во Бојанчиште се доселени од селото Конопиште; Гроздановци (1 к.), доселени се од селото Горни Дисан, а подалечно потекло од Долни Дисан; Делковци (1 к.), доселени се од селото Вешје; Андовци (1 к.), доселени се од селото Драчевица и Пиперковци (2 к.), доселени се од селото Бохула, а таму се доселени од Арнаутлук во XVIII век.
  • Македонски муслимани:
    • Староседелци: Вејселовци (2 к.), Рамадовци-Бртевци (2 к.), Чолаковци (2 к.), Брлевци (1 к.), Смаовци (1 к.), Зеќовци (1 к.), Бошњаковци (1 к.), Коларовци (1 к.), Садиковци (1 к.), Дрмањовци (2 к.), Ипчевци (2 к.), Мутковци (1 к.), Рамановци (2 к.) и Далиповци-Аличковци (2 к.).
    • Доселеници: Мегленци (1 к.), доселени се од селото Фуштани во Меглен; Чучуковци (1 к.), доселени од Долни Дисан; Вејзовци (1 к.), доселени од Стрмашево; Даутовци (1 к.), и тие се доселени од селото Стрмашево; Мемедовци (1 к.), доселени се од селото Бесвица; Прцевци (1 к.), доселени од Бохула; Јаревци (1 к.), и тие се од селото Бохула; Гевгелички (1 к.), доселени се од селото Бесвица, а таму од Гевгелија и Агошовци (1 к.), доселени се од селото Бохула.
  • Турски Цигани:
    • Доселени: Јусуфовци (1 к.), биле ковачи доселени однекаде; Јусуфчевци (1 к.), доселени од Ваташа како ковачи и Еѓупци (2 к.), доселени од Страгово како ковачи, а таму од селото Ваташа.
Remove ads

Општествени установи

  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

Во XIX век, Барово било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Демир Капија, која била една од ретките општини која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така било дел од Општина Демир Капија.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Неготино. Селото припаѓало на некогашната општина Неготино во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот 1955-1957 селото влегувало во рамки на општина Демир Капија.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Крњево, во која покрај селото Барово, се наоѓале и селата Бохула, Бунарче, Горна Бошава, Долна Бошава, Конопиште, Крњево, Радња, Страгово, Стрмашево и Чемерско. Општината Крњево постоела и во периодот 1950-1952 во која влегувале селата Барово, Горна Бошава, Долна Бошава, Крњево, Страгово и Стрмашево.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1248 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Барово, Драчевица и Стрмашево, кое е сместено во зградата на основното училиште во селото Барово.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 11 гласачи.[16] На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 10 гласачи.[17]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Главната селска црква „Рождество на Пресвета Богородица“
Археолошки наоѓалишта[18]
  • Грамаѓе — храм и некропола од римското време;
  • Гробана — некропола од римското време;
  • Дабот — некропола од доцноантичкото време; и
  • Ридот — населба и некропола од римското време.
Цркви[19]
Споменици
  • Споменик во чест на НОБ

Личности

Родени во или по потекло од Барово

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads