Грасберг

From Wikipedia, the free encyclopedia

Грасбергmap
Remove ads

Грасберг (германски: Grasberg; долногермански: Grasbarg) — општина во округот Остерхолц, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 13 километри југоисточно од окружниот град Остерхолц-Шармбек и 20 километри североисточно од градот Бремен.

Кратки факти Земја, Местоположба на Грасберг во рамките на округот Остерхолц ...
Remove ads

Географија

Општински единици

Општината се состои од следниве единици (во заградите годината на основање):

  • Верпедорф (1751)
  • Ајкедорф (1753)
  • Раутендорф (1762)
  • Шмаленбек (1762)
  • Даненберг (1780)
  • Тишендорф (1782)
  • Мајнерсхаузен (1785)
  • Грасдорф (1784)
  • Хуксфелд (1789)
  • Зехаузен (1790)
  • Мителсмор (1792)
  • Отерштајн (1794)
  • Адолфсдорф (1800)
  • Вајнкауфсмор (1826)
  • Грасберг (1831)

Историја

Пред колонизацијата на областа на која денес се наоѓа Грасберг, пејзажот главно бил мочурлив. Областа припаѓала на Архиепископијата Бремен, основана во 1180 година. Со Вестфалскиот мир, Архиепископијата станала Војводство Бремен во 1648 година, кое - заедно со Кнежевство Ферден - најпрвин било дадено како плен за своето учество во Триесетгодишната војна да биде владеено од Шведска. Овие две царски феуди на Швеѓаните обично биле нарекувани Бремен-Ферден.

По данската окупација (1712–1715), Војводството Бремен било продадено на Хановерската династија и така било владеено како личен сојуз со Изборното кнежевство Хановер и Обединетото Кралство. Владата на Бремен-Ферден наредила дренажа, обработка и колонизација на мочуриштата, а за тоа бил задолжен комесарот Јирген Кристијан Финдорф (1720–1792).

Во периодот 1785-89 по наредба на Финдорф и негов проект се изградила лутеранската црква на песочното тревнасто издигнување (околу 5 метри над морето), од каде и дошло името на Грасберг (буквално „тревна планина“), која служела како парохиска црква за 12 новосоздадени села во мочуриштата.

Лутеранската црква има необично богатство, единствените зачувани оргули од познатиот Арп Шнитгер, првично предадени на сиропиталиште во Хамбург во 1694 година. Во 1789 година, Грасберг ги купил оргулите.

Хановерското Војводство Бремен, како и самите општини, ја промениле власта неколку пати во текот на Наполеоновите војни.

ВО 1807 година, Кралството Вестфалија го припоило Војводството, пред тоа да го направи Франција во 1810 година. Во 1813 година, Војводството било вратено на Изборното кнежевство Хановер, кое станало Кралство Хановер во 1814 година. Грасберг и другите села станале дел од областа Штаде, основана во 1823 година. Во 1831 година, селото Грасберг почнало да се развива околу црквата.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads