Гуна
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гуна или гуња[1] — селска топла горна облека сошиена од шајак.[2] Била изработена од клашна од природна темна волна, поставена, долга до колената и украсена со гајтани. Гуната претставувала статусен симбол, го изразувал социјалниот и економскиот статус на личност што го носела. Била носена сѐ до втората половина на 19 век.[3]

Remove ads
Историја
Гуната се користела уште во среден вексредниот век, а неговото име настанало од грчкиот и латински збор gunna што значи крзно или кожув. На почетокот на 14 век гуната претставувал едноставен волнен покривач и наметка, со време стана вид капут со долги ракави, за да се трансформира во елек без ракави.[4] Гуните ги изработувале терзии и абаџии од сукна, чоја или шајак. На почетокот бил дел од секојдневната носија, а со време станал дел од свечена традиционална облека. На почетокот на 20 век гуната сѐ помалку се носела, бидејќи тогаш продира модерната градска носија, која била поевтина и подостапна.
Remove ads
Изглед и изработка на гуната
Гуната ретко се произведувала во домашна изведба, главно била изработувана во работилници. Жените подготвувала груб текстил – аба, од кој се изработувала гуната. Главно тоа била ткаенина од волна, ретко од козина, која се ткаела на хоризонтален разбој .[4] После ткаењето, платното се валало во валавици за да се добие покомпактна текстура. Постапката на валање се комбинирало со удари со дрвени удиралки и вода.
После валањето и сушењето, ткаенината се боела. Гуните можело да имаат украси и везови, украсите на гуните биле изработувани со пришивање на парчиња сукна, а везот бил изведуван на основата со волнени и свилени гајтани. Гајтанот се усукувал, а потоа се зацврстувал на облеката. Некои занаетчии имале чираци чија единствена задача била да усукуваат гајтани. Колку што гајтаните биле пораскошни тоа значело дека нарачателот бил побогат и дека занаетчијата бил многу вешт. Украсувањето на гуната можело да трае и по неколку месеци, во зависност од сложеноста на украсите. [4]
Аџиите на поклонение носеле гуна изработена од тенка црна чоја со широки ракави без украси која се викала либаде.[5]
Remove ads
Гуната во македонски пословици
- Зиме леб, а лете гуна носи, рекол овчарот.
- В лето бес гуна и в зима бес леб да не ојш на дрва. [6]
Поврзано
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads