Дневни светла

From Wikipedia, the free encyclopedia

Дневни светла
Remove ads

Дневни светла – делови на моторни возила на предниот дел на возилото кои емитуваат бела светлина и автоматски се палат при вклучување во работа на возилото за да се зголеми забележливоста на возилото. Од 7 февруари 2011 година се задолжителни за новопроизведените возила. Денес производителите се обврзани да ги опремуваат со вакви светла лесните и малите товарни возила.

Thumb
Дневни ЛЕД светла на Ауди Р8
Thumb
Дневни ЛЕД светла на БМВ од класата 6
Remove ads

Намена

За разлика од соборените светла чија основна намена е возачот да може да го гледа патот пред себе, намената на дневните светла е возилото да биде лесно забележливо од другите учесници во сообраќајот, особено при разминување, со што се зголемува безбедноста во сообраќајот.

Безбедносни придобивки

Од седумдесеттите години на XX век направени се бројни студии ширум светот чии заклучоци се дека запалени светла дење ја подобруваат безбедноста.[1][2][3]

Ефект на амбиенталната светлина

Користење на светла дење најпрво е воведено, и најпрво се забележани безбедносните придобивки, во скандинавските земји каде е постојано мрачно во текот на зимата. Колку дневната светлина е појака, толку е помала безбедносната придобивка, додека потребниот интензитет на дневните светла за зголемување на безбедноста се зголемува. Така безбедносната придобивка од дневните светла во релативно мрачните нордиски земји е отприлика трипати поголема отколку придобивката во релативно светлата Америка.[1]

Remove ads

Влијание на околината

Thumb
Дневни ЛЕД светла на Ауди А4

Потрошувачката на енергија многу зависи од употребената технологија. Некои системи не надминуваат 8 W (ЛЕД), додека други надминуваат и 200 W (жарулките во фаровите). Меѓународните регулативни тела, особено во Европа, работат на изнаоѓање рамнотежа меѓу зголемената безбедност и зголемувањето на потрошувачка на гориво заради нивното користење. Заради тоа што потребната електрична енергија за функционирање на светлата ја произведува моторот, доаѓа до зголемена потрошувачка на гориво, а со тоа и зголемување на издувните гасови (CO2). Во зависност од интензитетот на сообраќајот зголемениот јаглерод диоксид може да биде доволен за да го загрози протоколот од Кјото.[4] Заради ова, форсирани се решенија со мали моќности, а користењето на моќните соборени светла и магленки не се дозволени за возилата произведени од 2011 година. Потрошувачката на гориво може значително да се намали со користење на 8 до 20 ватни наменски дневни светла засновани на ЛЕД или високоефикасни светилки.

Регулатива во Европската Унија

Директиваа 2008/89/ЕК на Европската Унија бара сите патнички возила и мали доставни возила одобрени после 7 февруари 2011 година во Европската Унија да бидат опремени со посебни дневни светла.[5][6][7] Обврската е проширена со камионите и автобусите во август 2012 година.[8] Функционална замена, како соборени светла или магленки како дневни светла, не е дозволена.[9] Европската директива бара функционални посебни дневни светилки кои се во согласност со Регулативата 87 и монтирани на возилото во согласност со Регулативата 48.[10] Дневните светла што се во согласност со Р87 емитираат бела светлина меѓу 400 и 1200 кандели.[11]

Употребата на светла во текот на денот зависи од регулативата на поедините земји. Во некои задолжително е користење на светла дење вон населени места, во некои во текот на зимата, а постојано задолжителни се во следниве земји (нецелосен список): Австрија, Данска, Естонија, Исланд, Италија, Кипар, Летонија, Литванија, Македонија, Молдавија, Норвешка, Полска, Словенија, Србија, Унгарија, Финска, Црна Гора, Чешка, Швајцарија и Шведска.

Во Македонија употребата на посебни дневни светла не е законски регулирана, а користењето на светла дење е определено со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата според кој „Во сообраќај на пат, дење и ноќе, за време на управување со возилото, возачот на возилото задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла за осветлување на патот.“ [12]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads