Државен универзитет во Тетово
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Државниот универзитет во Тетово (албански: Universiteti Shtetëror i Tetovës) ― еден од петте државни универзитети во Република Македонија и се наоѓа во градот Тетово. Наставата главно се одвива на албански јазик, но исто така и на македонски и други јазици.
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета.  | 
Remove ads
Историја
Основан бил на 4 јуни 1994, на основачкото собрание свикано од Културната заедница на Албанците во Македонија, во својство на основач, додека иницијатор, идеатор и потписник на документите за основање на Универзитетот и за именување на привремените органи на универзитетот бил проф. Абдула Мехмети, претседател на Културната Заедница на Албанците во Македонија. Како државен универзитет останува непризнаен од властите сè до јануари 2004 кога бил донесен Законот за основање на Државниот универзитет во Тетово од страна на Собранието на Република Македонија. Прв ректор на Тетовскиот Универзитет бил проф. д-р Фадиљ Сулејмани (1995-2003), а потоа и проф. р-р Рамиз Абдули (јануари-март 2003), проф. д-р Неџбедин Беадини (2003-2006), проф. д-р Сади Беџети (2006-2009), проф. д-р Агрон Река (2009-2012). Моментален ректор на универзитетот е проф. д-р Вулнет Амети.[1]
Remove ads
Поделба

Во моментов при универзитотот има 14 факултети и еден институт:[2]
- Факултет за природно-математички науки
 - Правен Факултет
 - Економски факултет
 - Педагошки факултет
 - Филозофски факултет
 - Филолошки Факултет
 - Факултет за уметности
 - Факултет за физичка култура
 - Факултет за прехранбена технологија и исхрана
 - Факултет за земјоделство и биотехнологија
 - Факултет за применети науки
 - Факултет за медицински науки
 - Факултет за бизнис администрација
 - Институт за екологија и технологија
 
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads

