Егејска Плоча

тектонска плоча From Wikipedia, the free encyclopedia

Егејска Плоча
Remove ads

Егејска Плоча — мала тектонска плоча во источното Средоземје под јужна Грција и западна Турција. Нејзиниот јужен раб е Елинската зона на подвлекување јужно од Крит, каде Африканската Плоча се вовелкува под Егејската.[1] Нејзиниот северен раб е раздвојувачка граница со Евроазиската Плоча.

Кратки факти Егејска Плоча, Вид ...
Thumb
Тектонска карта на Елинскиот Лак

Морското дно на ова подрачје е длабоко околу 350 м, додека соседното Црно и Средоземно Море се длабоки 1.3001.500 м. Поради ова, тоа се смета за висока висорамнина меѓу морињата.[2] Наодите велат дека Егејската Плоча содржи истенчена континентална кора наместо океанска кора. Од нејзиното создавање кората се тенчи под влијание на разни процеси, меѓу кои посторогенетско пропаѓање и истегнување на кората. Ова истегнување е одговорно за образувањето на Коринтскиот Залив.[3][4]

Порано се сметало дека кората под Егејското Море е дел од Анадолската Плоча, и дека различните правци на движење се должат на вртење на плочата. Подоцнежните мерења утврдиле дека подрачјето не одговара на дотогашниот модел, и денес плочите се сметаат за независни една од друга.[5]

Remove ads

Развој

Се смета дека Егејското Море е активно истегнувачко задлачје поради повлекување на плочниот завршеток во Елинската зона на подвлекување.[3] Со тоа дошло до големо нормално раседнување и расцепување, како и образувањето на задлачна котлина. Оваа околина создала разни хорстно-грабенски образби на морското дно, слични на котлинско-верижната топографија. Многу од Егејските Острови се врвови на овие образби кои се издигаат на морското ниво.[6][7] Јужниот дел на плочата е дебел 20–22 км, а северниот 32–40 км, што укажува на тоа дека истегнувачката околина само неодамна почнала да го засега северното подрачје.[4]

Пред истегнувачата околина, регионот претрпел Егејска орогенеза (пред 70 - 14 мг), проследено од истенчување на кората поради посторогенетска пропаст. Овој период овозможил метаморфизам и потоа откопување на многу видови метаморфни карпи кои се среќаваат на Егејските Острови.[3]

Remove ads

Сеизмичка активност

Егејското Море и околното подрачје се сеизмички активни поради Елинската зона на подвлекување, како и истегнувањето на Егејската Плоча. Африканската Плоча се подвлекува под Егејската со брзина од 40 мм годишно, предизвикувајќи плитки земјотреси близу раседот и подлабоки земјотреси недалеку од грчкиот вулкански лак.[8] Некои сеизмички активности се производ на истегнувањето на плочата, кое создава раседување по линија исток-запад кое пролизгува и предизвикува земјотреси.[9]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads