Затвор „Куманово“

затвор во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Затвор „Куманово“map
Remove ads

Затвор „Куманово“ (познат и како Затвор „К’шање“) — казнено-поправна установа од полуотворен вид во близина на селото К’шање, во северозападниот дел на Македонија.[1]

Кратки факти Затвор „Куманово“, Местоположба ...

Во рамки на затворот функционира и притворско одделение кое ги опслужува судовите во северозападниот дел на Македонија, како и едно отворено одделение во градот Крива Паланка.

Овој затвор е најнов во Македонија, отворен во септември 2013 година со капацитет за 250 лица.[2]

Remove ads

Местоположба

Домот е изграден во близина на регионалниот пат 1204 во непосредна близина на селото К’шање.

Опис

Во него се сместени осудени полнолетни лица кои издржуваат казна до 3 години,<ref name="фактор"> како и притвореници.

Историја

Во 2007 година во К’шање тогашниот министер за правда Михајло Маневски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска ги фрлиле првите лопати на новата затворска зграда оддалечена 25 километри од Куманово.

Затворот има вкупна површина од 5.000 метри квадратни и неговата изградба чинела 234 милиони денари.<ref name="фактор">

Затворот има три ката. Нови се последните два ката и страничниот дел на зградата, а првиот кат е адаптиран од училишната зграда. На првиот кат е сместено притворското одделение. Предвидено е во една ќелија да има по двајца или по девет квадрати за еден затвореник. На секој кат има по една голема соба во која ќе бидат сместени шест-седум затвореници и посебен дел, во кој има по три самици.

Во септември 2013 година, затворот бил отворен од страна на премиерот Никола Груевски и министерот за правда Блерим Беџети.<ref name="фактор">

Затворот започнал со работа во ноември 2013 година и има сместувачки капацитет за 200 осудени лица и 50 лица кои издржуваат мерка притвор.[1]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads