Гордана Јанкулоска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гордана Јанкулоска (12 октомври 1975 во Охрид) — поранешен министер за внатрешни работи на Република Македонија. На функцијата стапила на 27 август 2006 и ја извршувала до 12 мај 2015, кога поднела оставка.[1]
Remove ads
Образование
Дипломирала на правниот факултет на универзитетот „Св.Кирил и Методиј” во Скопје, а магистрира на Кентскиот универзитет, Кантербери, Велика Британија со диплома од највисок ранг (LLM, awarded with distinction), на насоката меѓународно деловно право, на тема: „Нормативните ризици и странските инвестиции”. Во јули 2004 год, UKC-Kent Law School, UK ѝ доделува Награда за посебни достигнувања во областа на правото.
Remove ads
Работно искуство
Јанкулоска има работно искуство во различни сегменти на финансии, комбинирано со соработка со меѓународни институции, од повеќе позиции во Министерството за финансии на Република Македонија: Државен советник, (координатор на секторот за правни, општи и сметководствени работи, управата за имотно правни работи, одделението за одлучување во втор степен во управна постапка од областа на даноци и царини; секторот за управување со капиталот; секторот за информатика и дирекцијата за спречување на перење на пари) ; шеф на кабинетот на министерот; началник на одделение и самостоен советник во секторот за меѓународни финансии.
Учесник е на бројни обуки, семинари и дебати од областа на финасии, право, проектен менаџмент и евалуација на проекти на национално и меѓународно ниво, како и во повеќе тимови за изработката на закони и реализација на проекти во сферата на Реформата на платениот промет, имплементација на фискални машини во Република Македонија. Одлично го говори англискиот јазик и има основни познавања на албанскиот и германскиот јазик.
Remove ads
Други функции
Јанкулоска исто така е претседател на Управните одбори на Национална Платежна Картичка А.Д. – Скопје и на Централниот Регистар ; член на управниот одбор на „Center of Excellence in Finance” – Љубљана ; претседател на комисија за денационализација и член на Советот за денационализација;
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads