Звучна венечна странична струјна согласка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Звучна венечна странична струјна согласка (звучен алвеоларен латерален фрикатив) е вид на поретка согласка присутна во некои јазици. Меѓународната фонетска азбука (МФА) ја бележи со симболот ⟨ɮ⟩, а X-SAMPA ја претставува со K\.

Кратки факти Звучна венечна странична струјна согласка, ɮ ...
Remove ads

Особености

Звучната венечна странична струјна согласка ги има следниве особености:

  • Начинот на творба е струен, што значи дека се добива со стеснување на воздушниот тек низ тесен провод во местото на творба, предизвикувајќи бурно струење.
  • Местото на творба е венечно, што значи дека се создава при допир на врвот или рамниот дел на јазикот и забниот венец, па затоа може да биде „врвнојазична“ или „рамнојазична“.
  • Фонацијата е звучна, што значи дека гласните жици треперат при творбата.
  • Ова е устена согласка, што значи дека воздухот излегува само низ устата.
  • Согласката е странична, што значи дека се добива со насочување на воздушниот тек по страните на јазикот, наместо по средината.
  • Воздушниот механизам е белодробно издишен, што значи дека се создава со истиснување на воздух единствено низ белите дробови и дијафрагмата, што важи за највеќето гласови.

Јазици

Повеќе информации Јазик, Збор ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Библиографија

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads