Знаме на Демократска Народна Република Кореја
државно знаме From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Знамето на Демократска Народна Република Кореја било усвоено на 8 септември 1948 година[1] како национално знаме на државата. Првичното усвоено знаме на Северна Кореја било набрзо редизајнирано за да добие покомунистички карактер како додавање на црвена петокрака на бел диск.
Традиционалното корејско знаме е црвено, бело и сино. Владата во Северна Кореја со мали модификации во боите и дизајнот го создале денешното знаме и го додале белиот диск со црвената петокрака. Белиот диск го претставува тегокот кој се наоѓа на јужнокорејското знаме. Црвената боја ја означува револуцијата и комунизмот, сините линии ги означуваат суверенитетот, мирот и пријателството. Белата боја означува чистота.
Remove ads
Галерија
- Знаме на Работничката партија на Кореја
Наводи
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads