Калининградска Област
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Калининградска област (руски: Калинингра́дская о́бласть) — федерална област во Русија сместена во најзападниот дел од земјата. Седиште е градот Калининград (порано „Кенигсберг“).

Сместен е во северниот дел на Средна Европа. Останал како ексклава на Русија по распадот на СССР.
Зафаќа површина од 15.125 км2.
Население - 963.128 жители (2014). Густина - 63,68 жит/км2. Градското население има удел од 76,82 % (2013).
Се граничи со Полска на југ и Литванија на север и исток. На запад се протега Балтичкото Море.
Remove ads
Географија
Географска положба
Калиниградската област е најзападниот дел на Русија. Во најдолгиот дел се протега 205 км од запад на исток и 108 км од север на југ.
Предели
Пределите на ова подрачје се ридско-рамничарски, а некои се и под морското ниво. Во источниот дел се пределите се нерамни и достигнуваат висина од 230 м. Највеќето рамничарски делови се наоѓаат во Славскиот реон. Тука се таканаречените полдери — земјиште оградено со брани и под постојана закана од поплавување. Полдерите во областа зафаќаат околу 1.000 км2, што е повеќе од половината во целиот некогашен СССР. Просечната надморска височина од е 15 м. Заводнувањето на пониските делови наложува големи потфати за мелиорација, особено одводни канали.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads