Камен Мост (Радолишта)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Камен Мост-Опале — населба од неолитското и некропола од железното време во атарот на селото Радолишта, Македонија. На околу 1,5 километри североисточно од селото, покрај патот за селото по површината на нивите на Земјоделското стопанство и на Емуш Клема од Радолишта се среќаваат фрагменти од керамички садови, камени, кремени и коскени орудија. При обработувањето на земјата и со археолошките ископувања извршени во 1935-37 година од Народниот музеј во Белград и во периодот 1947-53 година, при подготвувањето на површините за лозови насади биле откриени повеќе гробови со богати гробни прилози. Дел од археолошкиот материјал по пат на откуп е прибран во Заводот и музеј во Охрид. Во 1955 година, Музејот од Охрид извршил заштитни ископувања при што се откриени уште три гроба. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Белград и во Заводот и музеј во Охрид.[1]
Remove ads
Поврзано
- Радолишта — населба од доцноантичкото време;
- Цигански Гробишта — старохристијанска базилика и раносредновековна некропола;
- Радолишта; и
- Список на археолошки наоѓалишта во Струшко.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads