Клајнер Грасброк
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Клајнер Грасброк е кварт (Stadtteil) на Хамбург, Германија во рамките на округот (Bezirk) Хамбург-Мите. Се наоѓа на истоимениот остров помеѓу северните и јужните разграноци на реката Елба (Norderelbe и Süderelbe), заедно со другите квартови Штајнвердер, Федел и Вилхелмсбург. Скоро потполно се состои од објекти на Хамбуршкото пристаниште. Четирите квартови технички сите се квартови, но се разделени со нивни посебни брани.
Remove ads
Историја
Се верува дека гусарот Клаус Штертебекер бил обезглавен на островот Грасброк во 1400 или 1401.
Во текот на Втората светска војна пристаништето Хамбург, а со тоа и Клајнер Грасброк биле цели на воздушните напади во т.н. Операција Гомора. Од средината на јули 1944 до октомври 1945, подкампот Десауер Уфер на концентрациониот камп Нојенгаме постоел во квартот.[1]
Ноќта од 16 февруари до 17 февруари 1962, островот бил целосно поплавен и сериозно оштетен од поплавите на Северното Море.
Remove ads
Географија
Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, кварто Клајнер Грасброк имал вкупна површина од 4,5 км2. Клајнер Грасброк се граничи на север со квартот Хафен Сити. На исток е квартот Федел, а на запад квартот Штајнвердер. На југ е квартот Вилхелмсбург.
Демографија
Во 2006, Клајнер Грасброк имал 1.219 жители. Густината на населеност била 274 жители на км2. 12,7% од населението биле деца под 18 години,а 8% имале 65 години или повеќе. 55,9% биле странци. 137 лица биле пријавени како невработени.[2] Во 1999, имало 694 домаќинства од кои 21,3% имале деца под 18 години, кои живееле со нив и 47,7% од сите домаќинства се составени од индивидуалци. Просечната големина на домаќинството била 1,95.[3]
Население по години[2]
1987 | 1988 | 1989 | 1990 | 1991 | 1992 | 1993 | 1994 | 1995 | 1996 | 1997 | 1998 | 1999 |
1.177 | 1.203 | 1.285 | 1.390 | 1.488 | 1.583 | 1.607 | 1.624 | 1.643 | 1.512 | 1.492 | 1.362 | 1.345 |
2000 | 2001 | 2002 | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 |
1.326 | 1.345 | 1.320 | 1.384 | 1.368 | 1.299 | 1.262 | 1.219 |
Во 2006, имало 334 кривични дела (274 дела на 1.000 луѓе).[4]
Економија


Делови на пристаништето во Хамбург се наоѓаат во квартот Клајнер Грасброк.
Инфраструктура
Во квартот нема училишта, ниту лекари, ниту пак аптеки.[5]
Сообраќај
Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот биле регистрирани 113 приватни возила (93 возила на 1000 лица).[5]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads