Клисе Баир (Градец)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Клисе Баир — археолошко наоѓалиште во виничкото село Градец. Претставува некропола од римско време. Се наоѓа на североисточниот крај од селото, во непосредна близина на училиштето, каде што се откриени две могили. Едната е со пречник на основата од 40 м и висина од 8 м, а другата со пречник на основата од 20 м и висина од 4-5 м. Оддалечени се една од друга околу 20 м.[1]
Remove ads
Поврзано
- Бедеш — средновековна населба;
- Виничка Река — населба од доцноантичко време;
- Градец — депо на монети од средниот век; и
- Градиште — населба од доцноантичко време.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads