Коста Кондов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Константин Николов Кондов, познат како Коста, — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонскиот комитет.

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Thumb
Војводи на советување: седнати од лево кон десно: Панајот Бајчев, Питу Гули, Коста Мазнејков, Христо Чернопеев, Андреј Христов, Тодор Христов. Прави од лево кон десно: Никола Жекова, Константин Кондов, Сотир Атанасов, Тимо Ангелов, Никола Дечев и Курирот Никола Сарафов.

Роден е 1874 година во градот Прилеп, тогаш е во Отоманското Царство. По Ослободувањето на Кнежевството Бугарија неговото семејство во 1881 година се преселило во Софија. Кондов завршил Военото училиште во Софија во 1894 година и една година (1894 - 1895) бил учител во Дупница. Се вклучил во активноста на Македонскиот комитет. Во 1895 година е меѓу основачите и на Македонското друштво "Единство" во Дупница и е негов раководител [1]. Учествувал во Мелничкото востание организирано од Трајко Китанчев и Македонскиот комитет во 1895 година.

Истата година заминал за Одеса, тогаш во Русија, каде што до 1898 година студирал право. Се вратил во Бугарија и бил учител во Габрово (1899-1900) и Јамбол (1900-1901).

Во 1901 година предводел чета на Македонскиот комитет, ги обиколувал Западните Родопи и Рила. Во 1902 година влегол во Кочанско. Учествувал во Горноџумајското востание во 1902 година, а на следната година со четата ги обиколувал во Велешко и Скопско. Фатен е од властите, но по интервенцијата на рускиот конзул во Скопје е ослободен. До 1908 година повторно е учител во Габрово. Во 1904 година го издава "Борбата на Македонецот". По 1908 година работи во Министерството за внатрешни работи [2][3]

Thumb
Свидетелство за учество во Македонско-одринското оплчение на Константин Кондов

При избувнување на Првата балканска војна во 1912 година е доброволец во Македонско-одринското ополчение и служи како командант на 4 чета при 9 Велешка дружина [4]. Во 1913 година е награден со орден "За храброст" IV степен.

Remove ads

Извори

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads