Лазар Младенов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Лазар Младенов
Remove ads

Лазар Младенов — контроверзен македонски општественик и фашист.[1] основач на Бугарскиот културен клуб во Скопје.[2][3] Роден во Струмица.

Кратки факти Роден, Националност ...
Remove ads

Биографија

Лазар Младенов е роден на 7 август 1956 година во Струмица, тогаш во СР Македонија.[2] Завршува основно и средно школско образование во родниот град. Заедно со Димитар Галев и Младенов организира првите чествувања на македонскиот револуционер Тодор Александров.[4] Потоа заминува за Скопје, каде што следува архитектура, а подоцна развива сопствен бизнис. Влегува во политиката во 1990 година. На 4 мај 2008 година го основува контроверзниот Бугарскиот културен клуб во Скопје, каде што почнал да води про-бугарска пропаганда во Македонија преку издавање бугарски пасоши.[5]

Лазар Младенов имал долга историја со несогласување на политиката на Македонија, според него, додавање на бугарите во уставот на Македонија е проблематична дискуја и ќе донесе поделби. Тој исто спомнува како бугарската влада го изолира бугарскиот клуб во Скопје.[6] Лазар Младенов во 2018 се заканувал кон македонската влада и ВМРО-ДПМНЕ дека ако не гласале за уставните промени на името на Македонија ќе ги земел нивните бугарски пасоши.[7] Кој што беше потврдено од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека немале бугарски пасош.[8] Младенов верува во фалсификуваната теорија дека бугарското малцинство во Македонија се дискриминирани,[9] но според сведоштва од бугарски граѓани во Македонија, не се чувстувале дискриминирани.[10] Лазар Младенов признал дека проба да шири бугарска пропаганда во Македонија, и да го шири бугарскиот литературен норм во Македонија.[11] Тој не го признава македонскиот народ и јазик.[12]

Околу 2010-тите се враќа во родниот град, каде што живеел со неговата жена и две деца.[2]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads