Лемвердер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лемвердер (германски: Lemwerder) — општина во округот Везермарш, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на левиот брег на реката Везер, околу 27 километри источно од Олденбург и 17 километри северозападно од Бремен.
Remove ads
Географија
Местоположба
Општината Лемвердер се наоѓа во јужниот дел на Везермарш на левата страна на Везер, спроти бременското место Фегезак. Денешната општина е дел од историската област Штединген.
Соседни општини
Општината се граничи на северозапад со општината Берне, а на североисток и на исток со реката Везер. На југоисток се граничи со покраината Бремен, на југ со слободниот град Делменхорст, а на југозапад со општината Гандеркезе.
Општински единици
Лемвердер се состои од следниве 19 единици:
|
|
Remove ads
Стопанство
Бродските претпријатија „Лирсен“ и „Абекинг & Расмусен“ имаат бродоградилишта во Лемвердер, кои се насочени кон изградба на суперјахти.[2][3]
Познати луѓе
- Фридрих Лирсен (1851–1916) — бродоградежник
- Карл Рефер (1889–1942) — службеник во нацистичката партија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads