Мавровско Езеро (Егејска Македонија)
езеро во Лагадинско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мавровско Езеро (грчки: Λίμνη Μαυρούδα, Лимни Мавруда) — езеро во Лагадинско, Егејска Македонија.[1][2]
За вештачкото езеро во Вардарска Македонија, видете Мавровско Езеро.
Езерото е сместено во јужното подножје на Богданска Планина. Наречено е по селото Маврово, Општина Бешик, кое лежи на неговиот северен брег, а во 1927 г. е преименувано во Мавруда.[3]
Мавровското и соседното Ланџанско Езеро сe соленикави.[4] Двете езера се пресушени од властите во 1960 г. за да се ослободи обработлива површина[4] и поради големото присуство на маларија на ова подрачје.[2] Во 1993 г. околните жители покренале иницијатива за возобнова на Мавровското Езеро, и во 1999 г.[2] државата отпочнала проект[4] во вредност од 200 милиони драхми (околу 700.000 долари).[5] Повратени се 1,2 км2,[2] околу 25 % од неговата првобитна површина од 4,5 км2[6] Зафатот е направен со мешовит грчко-американски проект, наречен „Мавровско Езеро“, по идејно решение на професорите Георгиос Залидис и Томас Крисман.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads