Манастир „Пресвета Богородица Мавровска“
манастир кај Костур, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пресвета Богородица Мавровска или Мавриотица (грчки: Παναγία Μαυριώτισσα, Панагија Мавриотиса или Μεσονησιώτισσα, Месонисиотиса) — православен манастир кај Костур, Егејска Македонија. Ова е поранешен Македонски манастир, изграден во времето на Охридската архиепископија, кој денес ѝ припаѓа на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Во 1924 г. манастирската црква и параклисот „Св. Јован Богослов“ се прогласени за споменици на културата.[1]
Remove ads
Географија
Манастирот е сместен 3 км источно до градот Костур, на крајот на Костурскиот Полуостров. Преку Костурското Езеро се наоѓа селото Маврово, по кое е наречен.
Историја
Црквата е изградена во X век, а живописот во неа е насликан во XIII. Се верува дека е изградена од царот Алексиј I Комнин (влад. 1081-1118) на местото каде војсководецот Георги Палеолог ги заобиколил и поразил Норманите, кои нападнале во 1083 г.[2]
Манастирот најпрвин се нарекувал Средоостровски. На почетокот на XVII век е преименуван во „Крпенички“ (т.е. „Богородица Крпеничка“) по блиското село Крпени. а некаде од средината до крајот на истиот век го добил денешното име, по селото Маврово на спротивниот брег.
Особено забележителна е сцената „Страшниот суд“. Резбаната влезна врата исто така е од X век.[3]
Remove ads
Литература
- Γούναρης, Γεώργιος Γ. Η Παναγία Μαυριώτισσα της Καστοριάς, Θεσσαλονίκη, 1993.
Галерија
- Фреска во нартексот
- Влез во црквата
- Богородица на фреска
- Сцени од житието на Богородица
- Свети Сисој во параклисот „Свети Јован Богослов“ (1552)
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads