Манастир „Св. Константин“ - Везник
манастир во Везник, Серско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Константин (грчки: Ιερά Μονή Αγίου Κωνσταντίνου) — манастир во селото Везник, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Манастирот е изграден на истоимениот рид во јужниот дел на селото. Според натписот на вградената плоча над западниот влез, храмот е подигнат во 1872 година.[1] Негов Ктитор е Георгиос Васаку Апостолу.[1][2] Според друг натпис лево од иконостасот, црквата е обновена и проширена во 1877 г. од монахот Герман.[1] Црквата има две елипсовидни куполи на правоаголни столбови и лакови. Жртвеникот е покриен со свод. Иконостасот има мермерна основа, а нагоре е резбан во дрво. Во храмот има вредни икони од XIX век.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads