Марикостинска Клисура
клисура во Петричко, Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Марикостинска Клисура (бугарски: Марикостински пролом) — клисура на реката Струма во Петричко, Пиринска Македонија, последната по нејзиното течение во Бугарија. Сместена е меѓу Петричко-светиврачкото Поле на север и малото Марикостинско Поле на југ.[1] Наречена е по селото Марикостиново.
Клисурата има епигенетско потекло, со должина од околу 1 км, при надморска висина од 80 м. Всечена е во напречниот Митински Рид, кој претставува источен продолжеток на планината Беласица.
Започнува од устието на реката Струмица во Струма на 85 м.н.в., се насочува на југоисток и завршува во северозападниот крај на Марикостинското Поле на 73 м.н.в. Длабока е 70 – 75 м. Североисточните страни се благи, а југозападните се пострмни.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
