Марикостиново
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Марикостиново — село во Општина Петрич, во околината на градот Петрич, Пиринска Македонија, југозападна Бугарија.
Remove ads
Географија и местоположба

Селото Марикостиново се наоѓа во Светиврачко-петричката Котлина, на левиот брег на реката Струма. Оддалечено е 11 километри источно од општинскиот центат и најблизок град Петрич.
Потекло на поимот
Според една легенда, девојка по име Марија од тој крај била прогонувана од Турците. Таа била заробена од разбојници во близина на денешното село Марино Поле и била убиена. Дивите животни ѝ го разнесле телото и на местото каде што нејзините роднини и ги откриле коските, настанало селото Маринокостиново.
Историја
Маринокостиново е село со богато историско минато. Пронајдени се бројни археолошки остатоци од античкиот и средновековниот период. Во месноста Марена (околу три километри северозападно од селото) се пронајдени остатоци од античка тврдина.
Селото се споменува во османлиските даночни регистри од 1616-1617 и 1625 година.
Во XIX век Маринокостиново е село во рамките на Демирхисарската каза.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Марикостиново живееле 500 жители, сите Македонци.[1][2]
Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година, Маринокостиново е дел од Мелничката каза. Христијанското население се состои 560 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
По Балканските војни во селото се населуваат Македонци од Валовишко (Демирхисарско) и Серско, претежно од селата Спатово, Кумлија и Рупел.
Стопанство
Демографија

Според пописот од 2011 година, во селото живееле 1.283 жители, од кои 1.231 се запишани како Бугари, 4 Роми и 3 останати.[4]
На табелата е прикажан националниот состав на населението во градот:
националност | број | % |
Бугари | 1.231 | 95,9 |
Роми | 4 | 0,31 |
Турци | / | 0 |
други | 6 | 0,46 |
не се самоопределиле | / | 0 |
не одговориле | 3 | 0.23 |
Вкупно | 1.283 | 100 |
На табелата е прикажан бројот на населението во Марикостиново за периодот 1934-2011:[5]

Remove ads
Општествени установи

- Основно училиште „Свети Кирил и Методиј“
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Надворешни врски
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads