Мајсторско
крај во Епир From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мајсторско (грчки: Μαστοροχώρια, Масторохорија) — историско-географска област во Епир, денес во Грција.
Географија
Областа на североисток се граничи со Егејска Македонија (Нестрамско) и на северозапад со Албанија. Географски се наоѓа во јужните делови на планините Морава и Грамошта, огранки на поголемиот венец Пинд. Низ оваа област тече Коничка Река (Сарандапорос).
Занает
Населението на оваа област традиционално се занимава со разни градежни занаети, во кои се усовршиле, а за да се договараат меѓу себе создале свој таен јазик познат како „кударитика“.[1][2] Во XVII - XX век биле основани мајсторски еснафи (здруженија од 10-20 луѓе), кои се занимавале со каменоделство, столарство, резбарство, сликарство и хагиографија и учествувале во изградбата на разни објекти во Отоманското Царство. Овие мајстори граделе куќи, анови, безистени, бараки, мостови, светилници, чешми, воденици и мелници. Како мајсторите од Загорско, тие оделе на печалба во тајфи низ Европа, Африка, Блискиот Исток и САД.[3]
Remove ads
Населени места


Мајсторско опфаќа 27 населени места (понекогаш во областа се вбројува и селото Фурка). Скоро сите села во минатото имале словенски/македонски топоними, кои биле преименувани во текот на XX век.[4]
Remove ads
Поврзано
- Епир
- Коница
- Јанина (округ)
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
