Меѓумозок
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Меѓумозок (diencephalon) — дел од предниот мозок (prosencephalon), кој се наоѓа помеѓу големиот мозок (telencephalon) и средниот мозок (mesencephalon). Се состои од структури кои се на двете страни од третата мозочна комора: таламусот, хипоталамусот, епиталамусот и субталамусот.[1][2]
Меѓумозокот е еден од главните делови на мозокот кои се формираат за време на ембриогенезата. Во текот на третата недела од ембрионалниот развој, од ектодермот се формира нервна цевка, на која почнуваат да се диференцираат три главни дела: предниот мозок (prosencephalon), средниот мозок (mesencephalon) и ромбестиот мозок (rhombencephalon).[3][4] Предниот мозок потоа постепено се диференцира на голем мозок (telencephalon) и меѓумозок.
Remove ads
Структура
Меѓумозокот се состои од следните структури:
- Таламус
- Хипоталамусот, вклучувајќи ја неврохипофизата
- Епиталамус, кој се состои од:
- Предни и задни паравентрикуларни јадра
- Медијални и латерални хабенуларни јадра
- Stria medullaris thalami
- Задна комисура
- Епифиза
- Субталамус
Прилози
Оптичкиот нерв (CNII) се прикачува за меѓумозокот. Тој е сетилен (аферентен) нерв, кој е одговорен за видот; почнува од окото, поминува низ оптичкиот канал во черепот и се прикачува за меѓумозокот. Самата ретина е изведена од оптичката чашка (лат. cupula optica), која е дел од ембрионалниот меѓумозок.
Remove ads
Функција
Меѓумозокот е регионот од ембрионалната нервна цевка на `рбетниците од кого настануваат структури како што се таламусот, хипоталамусот, предниот дел на хипофизата и епифизата. Меѓумозокот исто така затвора празнина која се нарекува трета мозочна комора. Таламусот е релејен центар за сетилни и моторни импулси помеѓу `рбетниот и продолжениот мозок, и големиот мозок.[5][6] Тој препознава сетилни импулси за топлина, студ, болка, притисок и др. Подот на третата мозочна комора е наречен хипоталамус. Тој поседува контролни центри за контрола на движењата на очите и слушните одговори.
Remove ads
Слики
- Дијаграм на кој се прикажани главните делови од ембрионалниот мозок на `рбетниците.
- Реконструкција на периферните нерви на човечкиот ембрион. Меѓумозокот е означен како Diencephalon.
Поврзано
- Таламус
- Хипоталамус
- Епиталамус
- Субталамус
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads