Несовремени разгледувања

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Несовремени разгледувања е книга на германскиот филозоф Фридрих Ниче од 1876 година, која содржи четири есеи, објавени претходно.

Содржина

Осврт кон делото

Четирите есеи, подоцна собрани под насловот „Несовремени разгледувања“, Ниче ги нарекува „целосно борбени“. Од нив, првиот есеј (од 1873 година) претставува напад на германското воспитување; вториот есеј (од 1874 година) го критикува „модерното производство на науката“; а во третиот и четвртиот есеј е дадена критика на германската култура. Според Ниче, од овие „четири атентати“, првиот има извонреден успех, предизвикувајќи бројни негодувања, но тие предизвикале непроценливо дејство во неговиот живот, зашто по нивното објавување, тој стекнал слобода на говорот и никој повеќе не барал расправа со него. Притоа, Ниче тврди дека есеите за Шопенхауер и за Вагнер се визија на неговата иднина и во нив се запишани неговата најдлабока историја, но и неговиот завет.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads