Норден (Источна Фризија)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Норден (Источна Фризија)map
Remove ads

Норден (германски: Norden; источнофризиски долносаксонски: Nörden) — град во округот Аурих, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на брегот на Северното Море, во областа Источна Фризија.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Норден во рамките на округот Аурих ...
Remove ads

Географија

Местоположба

Градот Норден, најсеверозападниот град на германското копно, зафаќа површина од 104,39 квадратни километри во северозападниот дел на Источна Фризија во Долна Саксонија. Најголемото растојание север-југ е 21 километар, додека исток-запад изнесува околу 13 километри. Највисока точка во Норден е 9,5 метри.

Пред брегот се наоѓаат островите (од исток кон запад) Нордернај, Јист и Мемерт. Помеѓу брегот и островите се наоѓа Ваденското Море, кое како дел од националниот парк „Долносаксонско Ваденско Море“ од јуни 2009 година е прогласен за светско природно наследство на УНЕСКО.[2] Југозападно од градот се наоѓа Лајскиот Залив.

Соседни општини на копното се (од исток кон југозапад, надесно) Хагермарш, Литетсбург и Халбемонд (сите во општинската заедница Хаге), Лецдорф и Остел (обете во општинската заедница Брокмерланд), како и општината Крумхерн. Интересно е дека границата со општината Лецдорф е во должина на една улица.

Градски единици

Норден се состои од градското јадро и десет официјални градски единици. Градското јадро се наоѓа околу стариот градски центар на поранешната општина Зандбауершафт со градските единици Екел, Линтел и Вестгасте.

Други единици се Баргебург, Лајбухтполдер, Нојвестел, Норддајх, Остермарш, Зидернојланд I, Зидернојланд II, Тидофелд, Вестермарш I и Вестермарш II.

Клима

Климата во градот е под директно влијание на Северното Море. Лете дневните температури се пониски, додека зиме често се повисоки отколку внатре во копното.

Remove ads

Политика

Градски совет

Thumb
Новото Градско собрание, каде градската управа се наоѓа од 1884 година.

Градскиот совет се состои од 34 избрани членови. Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:

Повеќе информации Партија, Удел ...

Градоначалник

Од 26 септември 2021 година, градоначалник на Норден е Флоријан Ајбен (SPD).[3]

Градоначалници од 1945 година биле:[4]

  • 1945–1946: Алберт Шенеберг
  • 1946–1948: Јохан Фишер (SPD)
  • 1948–1956: Алберт Шенеберг
  • 1956–1959: Јохан Фишер (SPD)
  • 1959–1961: Хинрих Донер
  • 1961–1964: Георг Ровел-Рулфес (FDP)
  • 1964–1971: Георг Петерс (SPD)
  • 1971–1988: Герхард Кампен (SPD)
  • 1988–1998: Фриц Фукс (SPD)
  • 1998–2016: Барбара Шлаг (ZoB)
  • 2016–2021: Хајко Шмелцле (CDU)
  • од 2021: Флоријан Ајбен (SPD)

Збратимени градови

Норден е збратимен со следниве градови:

Remove ads

Познати луѓе

  • Херман Конринг (1606–1681) — лекар и политичар
  • Јохан Крамер (1905–1987) — политичар
  • Вилхелм фон Фреден (1822–1894) — математичар, научник и океанограф
  • Реха Фрајер (1892–1984) — писател
  • Вилхелм Гнапхојс (1493–1568) — хуманист и просветител
  • Ото Итес (1918–1982) — адмирал
  • Марко Кучер (р. 1975) — ски-скокач
  • Херберт Милер (р. 1953) — сликар
  • Јохан Шредер (1925–2007) — математичар
  • Хајко Шварц (1911–1973) — ватерполист

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads