ОУ „Гоце Делчев“ - Јабланица
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Гоце Делчев“ (официјално: Основно општинско училиште „Гоце Делчев“ - Јабланица; скратено: ООУ „Гоце Делчев“) — централно основно училиште во селото Јабланица, Општина Струга.[1] Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото Јабланица.[2]
За други значења на поимот, погл. ОУ „Гоце Делчев“.
Училиштето е именувано по македонскиот национален херој Гоце Делчев.
Remove ads
Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа на прекрасна местоположба во средишниот дел на селото Јабланица.[2]
Историја
Училиштето постои од 1919 година, кога наставата се изведувала на српски јазик. Од 1944 година, основното училиште во селото ја изведува наставата на македонски јазик.[2]
Организација
Во училиштето работат 23 наставници и осум членови на помошниот персонал во училиштето.[2]
Во училиштето учат 81 ученик, распоредени во 15 паралелки.[2]
Подрачни училишта
Во рамките на општинското основно училиште „Гоце Делчев“ се наоѓаат и три подрачни основни училишта од прво до деветто одделение, каде покрај учениците од селата каде што се наоѓаат самите подрачни училишта, се образуваат и други ученици од поблиските села. Овие училишта се:[2]
- Подрачно основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ во село Луково
- Подрачно основно училиште „Гоце Делчев“ во село Нерези
- Подрачно основно училиште „Гоце Делчев“ во село Пискупштина
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads